Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Центарот за обука на пожарникари “Пегаз“, оставен на спореден колосек

                Во време на големи пожари и неколку децениски голем дефицит на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

                Во време на големи пожари и неколку децениски голем дефицит на професионални пожарникари, единствениот Ценатр за едукација и заштита од пожари во Македонија и поширокиот регион “ Пегаз“ од Битола, некој намерно сака да го стави на спореден колосек. Оваа институција, без денар вложени средства од државата, со странска донација и сопствени средства, со врвни инструктори обучени во Англија и Франција, како и неколку универзитетски професори, за девет години обучи и сертифицира седум генерации професионални пожарникари или вкупно 140 лица. Есеноска, тие пред надлежните понудија нова верификациона програма за наредниот тригодишен циклус, меѓутоа од ЈУ Центар за образование на возрасни- Скопје, наидоа на седуммесечен административен молк.

-Не е ништо друго, туку начин како и ние да замолчиме и да престанеме со работа и да не уништат.— Зошто, заради  суетата на луѓето што го водат пожарникарството во Македонија и малку ја познаваат проблематиката во пожарникарството и ги натера, ние едноставно овие шест месеци да стагнираме. Со тоа што стагнираме, досега ни се најавија 20 кандидати кои сакаа да дојдат кај нас на обука и што ќе добијат, зашто кај нас сите инструктори се м,-р и доктори на заштита и спасување од пожари- рече м-р Костадин Поповски, директор на  ЕЦ“Пегаз“.

На овој начин, сивите еминенции заинтересирани  да наштетат на овој Центар, имаат цел финсниски да го уништат, со што ќе се создаде уште поголем дефицит од професионални пожарникари.

Реклама

-Дефицитот со необучувањето на пожарникарите, командирите од територијалните единици во Македонија си го знаат. Не може да се бори со оганот ако не е обучен. А, како се обучуваат, никако.  Ни досега имаме обучено 140 пожарникари, а тоа е само една петтина од вкупната бројка бројка- вели Поповски.

Во Македонија во моментов има 700 професионални пожарникари, а законскиот минимум според Законот за заштита и спасување е 1. 450 лица. Дека опасностите од големи штети и можни жртви се големи, а како поткрепа е и фактот што за последниве две години само во Битола имало над 450 пожари, вели м-р Поповски, досегашен командир на ППЕ во Битола. Помошта во едукација и опрема добиени од Англија, Франција и Шведска за “Пегаз“ е факт дека Европа ја препознала потребата за тукашна поддршка, но кадрите на ДУИ кои раководат со  Центарот за образование  не умеат, а можеби имаат и други намери.

Петар Стефановски