Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Цените на храната „се држат“ и покрај поскапувањето на горивата – во случај да попуштат, ќе следат владини мерки

Превозниците први на удар поради поскапувањето на горивата. Откако цените на бензините…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Превозниците први на удар поради поскапувањето на горивата. Откако цените на бензините се покачија за 12 денари, а дизелот за дури 21 денар во два наврати за само 7 дена, транспортерите алармираат дека се во незавидна состојба. Поради големата конкуренција, не ги покачуваат цените и се обидуваат да ги држат на исто ниво. Најголем ризик им е возењето на територијата на Македонија бидејќи трошоците за гориво се дури 50% од цената на превозот. Засега балансираат со цените, за да не се покачи драстично превозот, а со тоа и да поскапат цените на производите. Со секој изминат ден, конкурентноста им се намалува. Од Макамтранс бараат Владата да интервенира и да овозможи поврат на платената акциза, поголеми дневници за возачите кои ќе бидат ослободени од персонален данок, како и поажурен поврат на ДДВ од други држави.

„Често пати нашите превозници успеваат да бидат конкурентни со тоа што прават калкулација колку можат да вратат ДДВ за гориво, за патарини кајшто има и на тој начин ги држат цените за да можат да ги покријат трошоците, а овие средства кои подоцна се враќаат да им бидат заработувачка онаа што е планирана. Минимална, но да не биде негативна“ – вели Билјана Муратовска – МАКАМТРАНС.

И покрај поскапувањето на горивата, цените на производите се на стабилно ниво. Сепак, колку подолго трае неизвесноста поради воениот конфликт на Блискиот Исток, толку е поголем притисокот врз цената не само на нафтата, туку  и воопшто на сите енергенси. Според аналитичарите, ова може да повлече и пораст на цените на производите, но за колку би било тоа зависи од учеството на трошоците за гориво во крајната цена на чинење.

Реклама

Владата засега будно ја следи состојбата. За две недели цената на нафтата на светските берзи се зголеми од 72 долари на 103 долари за барел. Премиерот претходно најави дека можностите вклучуваат интервенции прво во делот на намалување на ДДВ од 18 на 10%. Тоа значи дека ако сега се плаќаат 14 денари ДДВ за дизел кој чини 92 денари, поевтинувањето би било речиси 6 денари пол литар. Најавите се дека ако потоа ако се исполнат услови  можно е и кратење на акцизата за 1 до 4 денари. Во моментов, се плаќа акциза од 22 денари за бензините и 15,5 денари за литар дизел. Стоковите резерви се стабилни и содржат деривати доволни за 62 дена.