Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Економија

Цената на нафтата достигна нов рекорд по нападите на енергетската инфраструктура на Блискиот Исток

Цената на нафтата достигна нов рекорд. По ударот на изралеските сили врз…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цената на нафтата достигна нов рекорд. По ударот на изралеските сили врз едно од најголемите пронаоѓалишта на гас во Иран, и контра-ударот на Техеран, кој гаѓаше енергетски цели во Катар, берзите реагираа нервозно. Па така, барел нафта достигна цена од дури 118 долари, додека некои аналитичари стравуваат дека таа може да се искачи до дури 200 долари по барел.

„Референтните блискоисточни сурови нафти како Оман и Дубаи веќе го надминаа прагот од 150 долари, така што 200 долари веќе се на видик“ изјави Вандана Хари.

„Стратешките резерви и заменски барели можат да ги стабилизираат цените ако пазарот верува дека понудата ќе ја задоволи побарувачката, но ако протокот низ Хормуз биде материјално нарушен за подолг период, цените далеку над $100, дури и блиску до $200, се веродостојни“, изјави Чад Норвил

Реклама

Зголемената нерзвоза на Берзите доаѓа откако Изралески проектили го погодија огромниот петрохемиски комплекс во рамки на гасното поле Јужен Парс, најголемото пронаоѓалиште на гас во Иран. Само неколку часа подоцна, техеран возврати удирајќуи врз Катар, односно нивниот индустрискиот комплекс Рас Лафан – клучна локација за преработка и извоз на течен природен гас.

Иако пожарот во Иранскиот објект беше ставен под контрола, според официјалните информации од Техеран, заканите за ескалација остануваат.

Иранската војска најави „решителен одговор“ доколку продолжат нападите врз енергетската инфраструктура, предупредувајќи дека како легитимна цел ќе ги смета и инфраструктурите на земјите од кои потекнуваат нападите.

Америкаснскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Изралеците не го известиле за нападот, но вети дека во иднина нема да се повтори вакво нешто. Сепак, рече тој, доколку Иран продолжи со нападите врз Катар и останатите земји, Американците „ќе го дигнат во воздух целото гасно поле Јужен Парс со сила и моќ каква што Иран никогаш не видел“.

„Не сакам да го одобрам ова ниво на насилство и разурнување поради долгорочните импликации што ќе ги има врз иднината на Иран, но ако катарскиот течен природен гас повторно биде нападнат, нема да се двоумам да го сторам тоа“, порача Доналд Трамп.

Инаку, Трамп не успеа да ги убеди остантите змеји од светот да им помогнат на американците да ги обезбедуваат бродовите кои би понувале низ Ормутскиот теснец. Наместо помош, дел од нив се обидуваат да склучат договори со Иран за безбеден премин. Само неколку бродови – главно индиски, пакистански, турски и кинески бродови – беа дозволени да поминат во последните денови.

Мартин Трајчевски