Војната на Блискиот исток предизвика остар скок на светските цени на нафтата поради страв од прекин на снабдувањето преку клучните поморски патишта.
Според последните податоци, цената на суровата нафта се зголеми за 9,17 проценти, а најголемиот страв за пазарите е делумното или целосното затворање на Ормутскиот теснец. Иран ги предупреди бродовите да не минуваат низ Ормускиот теснец, стратешки премин низ кој се транспортира околу 20 проценти од светската нафта и гас.
Цената може повторно да оди нагоре се додека трае конфликтот, сметаат познавачите.

- „Поради тоа се случи овој скок, а можеби и да се зголеми за дополнителни 10 проценти. Ако гледаме денеска, нафтата е 80 долари за барел, ако продолжи да трае овој конфликт тогаш дефинитивно, цената дополно да оди нагоре“ ДАРКО СИМУНОВСКИ – Фонд менаџер на „Лимитлес Фонд Менаџмент“.
Зголемувањето на цените во светски рамки, секако ќе се одрази во Македонија. Според соследната одлука на Регулаторот цената на дизелот во ќе остане иста, а за денар поскапуваат бензините.
- „Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 74,5 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,5, додека ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и понатаму ќе се продава за 71, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 70 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 1,022 денари по килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 35,542 денари“ соопшти РКЕ.
Симуновски смета, само доколку не се постигне договор за мир во следните две недели може да дојде до нагорни поместување во цените во Македонија.
- „Што се однесува за цените во Македонија, тоа би било ако овој конфликт ако продолжи повеќе од две до три недели. Цената на берзата за да се преточи кај нас, во бензиските станица, тоа би траело две недели – период за да може таа цена да се преточи кај нас. Инаку ако потрае повеќе од два месеци, може да влијае на вкупната инфлација па и кај нас во Македонија“ вели ДАРКО СИМУНОВСКИ – Фонд менаџер на „Лимитлес Фонд Менаџмент“.
Аналитичарите предупредуваат дека доколку конфликтот ескалира или теснецот остане затворен подолго време, цената на нафтата би можела да ја надмине границата од 100 долари за барел.
Иран игра клучна улога на глобалниот пазар на нафта, а според податоците на ОПЕК, земјата е трета по ред со најголеми докажани резерви на нафта во светот.
