Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Прилози

Целта на дојавите за бомби во училиштата е да ја дефокусираат полицијата од борбата со криминалците

Создавање паника и страв меѓу населението, дефокус на полицијата и креирање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Создавање паника и страв меѓу населението, дефокус на полицијата и креирање на чувство на несигурност – постои сомнеж дека дојавите за бомби во училиштата и останатите хибридни напади да се тесно поврзамни со отворената војна на новата влада си криминалните групи и картели. Според експертите, тие ништо не оставаат на случајноста, ниту пак се пребирливи во начин како да ги затскријат своите дела, особено во ек на големи полициски акции кои работат на нивно сузбување. Сметаат дека мора да се имаат во предвид сите можни сценарија за дефокус на безбедносните служби, вклучително и лажните дојави за бомби во училиштата кои се случуваат во време кога државата засилено се бори со организираниот криминал.  

„Мора да се има во предвид и таа верзија дека внатрешните опозициски сили делуваат и тоа како, особено во време кога е зголемена борбата против организираниот криминал, односно против сите сторители на кривични дела кои и тоа како беа заштитени од политичките елити во минатиот период и факт е дека тие сакаат предизвикување на една нестабилност и безбедносните служби мора да имаат во предвид да вршат проверки и да не ги иземаат можностите дека и на внатрешен план може да ја загрозат безбедноста“, изјави Ѓурчевски.

За последните дојави, Ѓурчевски смета дека од клучно значење во нивно решавање е брзата  и координирана реакција на институциите кои за разлика од минатото, сега се на висина на задачата, и работат согласно безбедносни протокли кои даваат одлични резултати.

Реклама

„Изградени се стандардни процедури коишто даваат резултати што се виде и со последниот случај кога беа регистрирани 240 дојави за бомби за кои брзо се реагираше и ефикасно во делот на проверката се со цел да не се губи многу време со наставата“, изјави Ѓурчевски.

Само последните 3 години во земјава се регистрирани повеќе од 1200 дојави за лажни бомби,  од кои последните 240 минатиот петок, за што имаше брза реакција од страна на надлежните, и коорпоративна соработка помеѓу министерствата за образование, внатрешни работи и трансформација за што министерот за дигитална трансформација  Андонов истакна дека неговото министерство ќе продолжи да работи на подобрување на постоечките но и развивање на нови механизми за справување со хибридните напади.