Реклама

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Македонија

ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснати

До 13 часот денеска регистрирани се вкупно 10 пожари на отворен простор,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До 13 часот денеска регистрирани се вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, два се под контрола, а три се изгаснати – соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има во: општина Студеничани: с. Моране, с. Вртекица и с. Рамни Габер, каде што гори мешана шума, во општина Македонски Брод кај м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица, опожарена е ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Во општини Велес кај с. С’лп, м.в. Горно Село, со проширување кон с. Карабуњиште, и селата Добрино и Тисовица во општина Зелениково, каде што гори ниска вегетација, дабова и габерова шума и квалитетна дабова шума. Потоа, во општини Јегуновце, Желино и Сарај: селата Копанце и Туденце (општина Јегуновце), с. Церово (општина Желино), со проширување кон с. Бојане (општина Сарај) (мешана шума) и во општина Штип во населбата Балканска, каде што гори ниска вегетација.

Под контрола се пожарите во општина Кратово кај с. Железница (депонија) и во општина Делчево на локалната депонија.

Реклама

Изгаснати пожари (3): општина Куманово: с. Табановце – м.в. Сланиште (ниска вегетација), општина Крушево 1: с. Алданци и с. Норово (ниска вегетација и нискостеблеста деградирана дабова шума) и во општина Крушево 2: с. Борино и с. Житоше (ниска вегетација и деградирана дабова шума).