Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Црн рекорд во Македонија- Регистрирани се 5 нови починати и дури 53 новозаболени со Корона

Рекорден број на заразени и починати од корона вирус во земјава –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рекорден број на заразени и починати од корона вирус во земјава – за само 24 часа во Македонија дијагностицирани биле 53 новозаболени од Ковид 19, а починале пет пациенти.

Од нив тројца се нови, а двајца починале во текот на неделава. На Клиниката за инфективни болести во последното деноноќие починале двајца пациенти, жена од струшко Лабуништа на возраст од 71 година и 77-годишен пациент од Куманово.

Меѓу починатите имало и еден странски државјанин кој живеел во Скопје.

Реклама

„Пациентот од Куманово кој почина на 2 Април на Инфективната Клиника во Скопје, а чиј тест позитивен на Ковид 19 беше потврден вчера попладне, е евидентиран во денешната статистика на починати лица“.

Меѓу починатите за кои денес информираа надлежните евидентиран е и 78-годишниот маж од Велес кој почина пред неколку дена, откако беше вратен од велешката болница.

Најголем број од новодијагностицираните се од Струга – 14, 13 нови пациенти има во Скопје, 8 во Куманово, шест во Кочани, 5 во Штип, по двајца во Прилеп, Тетово и Гостивар и еден во Велес.

Со последните потврдени случаи, бројот на заболени од Ковид 19 се искачи на 483.