Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Чупеска го разбира Пендаровски: Тој е поранешен претседател, има право да го зборува она што мисли дека треба да го зборува

Стево Пендаровски има право да го зборува она што мисли дека е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стево Пендаровски има право да го зборува она што мисли дека е најдобро, СДСМ ги разбира ставовите на поранешниот претседател на Македонија. Потпретседателката на опозициската партија, Ана Чупеска се согласува со Пендаровски и смета дека повик за мудра дипломатија бил скандалозниот став, дека Македонија не требало да се истрча  и да застане прва до американскиот претседател, кој според него ги пореметил глобалната рамнотежа и трансатлантската заедница. Според него не сме биле ние некоја светска велесила па да бидеме први до американската држава.

-Пендаровски си е универзитетски професор, тој е бивш претседател на Републиката и во тоа својство има апсолутно право да зборува тоа што мисли дека треба да го зборува. Она со кое што можам да се согласам со Пендаровски е тоа дека упати апел многу сериозен дека нашата дипломатија треба многу мудро и тактички да постапува во овие глобални околности, изјави Чупеска.

Очигледно и официјалниот став на СДСМ, барем што го кажа Чупеска е сличен на оној на Пендаровски. Не сме смееле и не било мудро да привилегираме ниту една светска политика, затоа што така како мала земја сме биле најзагрозени.  

Реклама

-Ниту една политика не смее да ја привилегираме, особено што контекстот тоа не ни го дозволува, имајќи ги предвид сите глобално политички динамики, кои што за жал секогаш во такви динамики најмалечките земји се најзагрозени. Сметаме дека треба многу мудра и многу конзистентна политика да се води на меѓународен план, изјави Чупеска.

Од ВМРО ДПМНЕ сметаат дека Пендаровски и СДСМ ги рушат националните позиции, и не можат да се помират со фактот дека Владата гради силни односи со САД. Прашуваат, кому му служеа изјавите на поранешниот претседател, дека од амбасадори дознал кои се позициите на Владата и како таа се бори за националните интереси во однос на интеграцијата во ЕУ?

-Дали Стево Пендаровски свесно ја минира Македонија или во еуфорија, пред камера глумејќи аналитичар не знае што кажува. Без разлика дали свесно или не, Пендаровски уште еднаш ја докажа својата оговарачка политика на предавство и откривање на националните позиции. Пендаровски не само што ја загрозува Македонија, туку шири и омраза кон САД и претседателот Трамп, кои се наш силен сојузник и партнер. СДСМ како едвај да чека да свртат грб на САД, изјави пратеникот Бране Петрушевски.

Инаку, опозицијата првично ја напаѓаше Владата дека е анти НАТО и анти Америка, а сега им смета што Мицкоски е близок со администрацијата предводена од Трамп. Македонската власт веднаш по доаѓањето на новата администрација во Вашингтон, се позиционираше рамо до рамо со стратешките партнери САД, од каде стигна голема поддршка за напредокот на Македонија и иницијатива за продлабочување на соработката помеѓу Скопје и Вашингтон.

Матеја Петровски