Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Чулев: МВР спроведе истрага – снимката од Мицкоски во теретана е од минатата година и нелегално е стекната

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев преку статус на Фејсбук пишува дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев преку статус на Фејсбук пишува дека МВР спроведе истрага за случајот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и теретаната со што се докажало дека снимката е со стар датум и нелегално стекната.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи постапуваше по допрен глас од страна на социјалните мрежи, односно во врска со видео материјалот на кој се гледа како Х.М., претседател на политичка партија, во придружба на полициските службеници И.Б. и О.С. и уште едно непознато лице како наводно ги прекршуваат предвидените конкретните одлуки донесени од страна Владата на РСМ во врска со корона вирусот, односно биле во теретана која наводно работела само за нив.

Во однос на видео записот преземени се мерки за расчистување на случајот, извршен е разговор со сопственикот на теретаната, извршен е увид на видео надзорот во и надвор од објектот за периодот од 01.04.2020 до 27.04.2020, при што не е воочено движење на наведените лица објавени на видео записот на социјалните мрежи, односно дека во објектот нема движења односно и нема снимка како што е постирана на социјалните мрежи.

Реклама

Исто така, извршени се службени разговори со полициските службеници во ЕВР Аеродром и Драчево и со неколку вработени во теретаната, кои потврдиле дека истата не работи по донесувањето на мерките од Владата и дека на снимките ги нема известувањата дека објектот не работи т.е. дека снимките се постари. Една од вработените посочила и дека снимката е од 20.10.2019 кога последен пат заедно ги видела во теретаната Х.М и полициските службеници. Дека се работи за настан од 20.10.2019 изјавиле и полициските службеници, кои појасниле дека тој ден извршувале работни задачи на обезбедување на претседател на политичка партија, што било потврдено и по увидот на системот на вработените лица во МВР.

Дотолку повеќе дека се работи за стара снимка потврдува и изјавата на И.М. кое е лице вработена во конкретниот фитнес центар и која во својата изјава посочува дека видно од снимката која беше објавена на социјалните мрежи се гледа шкаф кој е без врата, а врата на истиот шкаф е поставена во ноември 2019 година.

Врз основа на преземените мерки, Одделот за внатрешна контрола смета дека наводите изнесени на социјалните мрежи во врска со постираниот видео запис се неосновани, односно нема прекршување на одлуката за ограничување на движењето од страна на конкретните лица.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните и медиумите да се воздржат од пласирање и објавување неточни и невистинити вести и информации.