Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Прилози

Членовите на Судскиот Совет одбиваат одговорност и ја оспоруваат интерпелацијата во Собранието

Членовите на Судскиот совет не чувстуваат морална и професионална одговорност, ниту пак…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членовите на Судскиот совет не чувстуваат морална и професионална одговорност, ниту пак ќе да си поднесат оставка дури и ако Собранието им изгласа недоверба. Ова може да се извече како заклучок ако се прочитаат одговорите на Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Тања Чачарова Илиевска, Селим Адеми и Миљазим Мустафа кои писмено му ги доставиле на собранискиот спикер Африм Гаши. Причините со кои се бара нивна интерпелација, според нив, биле паушални. Бараат да има индивидуална, а не колективна одговорност за членовите. Потоа, интерпелацијата ја оценија како политичко мешање во работата на судиите иако овие челнови не се судии туку се избрани во собранието како истакнати правници. Во писмената реакција до Гаши членот на Сидски, Селим Адеми тврди дека немало доволно издржани аргументи за интерпелацијата.

  • Во однос на создржината и наводи во истата (интерпелацијата), иако постои обид за некаква конкретизација на наводно пропусти во работењето на членовите, изнесените наводи се многу паушални и се должат на очигледно не познавање на состојбите во судството“ пишува Селим Адеми – Член на Судски Совет.

Експретседателката Павлина Црвенковска не се согласува дека интерпелацијата може да се примени врз членовите на Судски, иако се избрани во Собранието. Нејзината наследничка Весна Дамева, повторува дека секој треба да си сноси одговорост за она што го сторил.

  • ..Правната доктрина не познава колективна одговорност, туку одговорноста секогаш мора и треба да биде индивидуална. Секој е одговорен за она што го сторил и неговата одговорност мора да биде утврдена во постапка и на начин согласно Уставот, законите и меѓународните договори… а врз основа на докази изведени во текот на постапката, почитувајќи го принципот на еднаквост на оружјата“ стои во одговорот на Весна Дамева – Член на Судски Совет.

Неоснована е интерпелацијата поднесена за мене тври и Миљазим Мустафа, додека пак Тања Чачарова Илиевска е децидна дека не чуствува ниту професионална ниту морална одговорност.  Владејачкото мнозинство на 7-ми февруари поднесе интерпелација за членовите кои се избрани во Собранието, во кои директно гледаат вина за нарушената доверба во македонското правосудство. На ист став е и претседателката Сиљановска Давкова за која наместо членовите да ја бранат правдата се претвориле во судски скандал мајстори. Интерпелацијата според најавите на дневен ред во Собранието треба да се најде идната недела.