Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Прилози

Членовите на Судскиот совет немаат намера да се повлечат од функциите

Членовите на Судски совет немаат намера да си поднесат оставка. Тврдокорни се…

Сподели:

Членовите на Судски совет немаат намера да си поднесат оставка. Тврдокорни се и остануват на ставот дека интерпелацијата против нив е незаконска и неуставна. Како и досега, Весна Дамева, Селим Адеми, Тања Чачаровска Илиевска, Миљазим Мустафа и Павлина Црвенковска членовите на кои пратениците им изгласаа недоверба не чувствуваат морална одговорност за да си поднесат оставка.

Напротив, во телефонски разговор за Алфа, дел од нив велат дека интерпелацијата е надвор од паметот и спротивна на законите и Уставот. Морате ли да газите по живи луѓе за да освоите политички поени. Ги праша Весна Дамева пратениците на расправата во Собранието, а денеска останува на истиот став. Tаа од стручна во Кривичниот суд влезе во советот по предлог на поранешниот шеф на државата Стево Пендаровски, а претходно била дел и од правната комисија на СДСМ.

Останувам на ставот којшто вчера го образложив во Собранието. Оставката е личен чин, а во однос на оставка, мојот став го изразив пред пратениците, вели Весна Дамева, член на Судски совет.

Реклама

Селим Адеми, кој пред да влезе во Судскиот совет бил партиски функционер во ДУИ, вели дека чека на писмено образложение од Собранието кои членови и закони ги прекршил и несоодветно си ја обавувал функцијата.

Чекам пратениците на писмено да ми дадат образложување што е тоа што сум го направил незаконски и каде сум сторил повреди на законот. Се додека не добијам од нив одговор, нема да го коментирам прашањето  за мојата оставка, вели Селим Адеми, член на Судскиот совет.

Адвокатката Тања Чачаровска Илиевска, сегашѓна членка на Судскиот совет која се споменува како поранешен донатор на СДСМ, останува на ставот дека интерпелацијата е незаконска и неуставна.

30 години работам според Закон и Устав, Надвое од паметот е ова што се случва. Тоа што се  бара политичка одоворност преку интерпелација се коси со законот, Уставот и сите меѓународни договори коишто Макеоднија ги има ратификувано, вели Тања Чачаровска Илиевска, член на Судски совет.

И Миљазим Мустафа, едниот од петте членови за кои се изгласа интерпелација, ги отфрла обвинувањата за падот на довербата на граѓаните во судството. Тој бил советник во Министерството за правда во владата на СДСМ и ДУИ, а во советот е по предлог на Стево Пендаровски.

Обвинувањата што ми се припишуваат, кои ме претставуваат како негативен фактор за падот на довербата на граѓаните во судството, се неосновани и не ја отсликуваат реалноста на моите напори за подобрување на состојбата во судството, вели Миљазим Мустава, член на Судски совет.

Само Павлина Црвенковска, поранешната стручна соработничка од скопска Апелација, која е во Советот по предлог и избор на пратениците на СДСМ, не се одважи на телефонски повици на Алфа. Таа пред да влезе во советот работела како советник во Владата на екс премиерот Зоран Заев.

Од сите петмина, само Весна Дамева ги удостои пратениците со нејзинито присуство во Собрание. Останатите и претходно најавија дека немаат намера да присуствуваат туку испратија писма до пратениците.

Скандалозните одлуки на составот на сегашниот Судскиот состав се нотирани и во последниот извештај на ЕК.