Реклама

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Прилози

🎥 Чeтворица побарале помош на Токсикологија, еден е задржан на болничко лекување

Четворица завршија на Токсикологија поради вдишување на токсичен чад од пожарот во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четворица завршија на Токсикологија поради вдишување на токсичен чад од пожарот во Трубарево.Сите се жалеле на вртоглавица и кашлица поради вдишување на отровен воздух.Тројца од нив биле амбулантски прегледани и се пуштени дома, а една жена која е жител на селото е задржана на дополнителни испитувања.

“На Клиниката за токсикологија е хоспитализирана жителка на Трубарево со вртоглавица и кашлица, како последица на пожарот, а другите три лица, припадник на Армијата, директорот на Центарот за управување со кризи и полицаец,  веќе се пуштени на домашно лекување и сите се надвор од животна опасност” вели министерот Азир Алиу.

Лекарите апелираат на внимателност, да избегнуваат движење во близина на пожарот и да носат заштитни маски, а секој кој вдишал поголема количина на отровен воздух, ако чуствуваат симптоми како вртоглавица, кашлица и иритираност на очите носот и грлото да побараат лекарска помош. Колку и со што е загаден воздухот од горењето на литиумските батерии ќе се знае најрано утре.Од Институтот за јавно здравје појаснија дека почнати се испитувањата на почвата  водата и на радијацијата во воздухот. Во следните денови ќе бидат готови резултатите и од мострите на Министерството за животна средина.

Реклама

Ние како Институт законски сме обврзани да правиме мониторинг на квалитет на воздух, почва и вода на радијацијата во воздухот. И можам да кажам дека Институтот располага со најсовремена опрема за оваа намена и со професионалци. Имаме 12 мерни станици на територијата на држвата, од кои неколку во Скопје, кои во реално време, во секоја секунда ни покажуваат дали има отстапувања од параметрите на радиоактивност во воздухот. Според нашите анализи и сознанија, во моментов нема никакво, ниту минимално отстапување од нормалните параметри за радиоактивност во воздухот, вели директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска.

Препораките за заштита од загадениот воздух, остануваат да важат во подрачјата каде постои ризик од аерозагадување и каде што има пожари. Да се остане внатре и да се затворат прозорците и вратите. Да се исклучи вентилација и климатизациски системи што вовлекуваат надворешен воздух, за да се спречи навлегување на чад во просториите. Луѓето со респираторни заболувања, мали деца, стари лица и бремени жени се советуваат да избегнуваат каква било активност на отворено.