Во Собранието денеска ќе заседаваат четири комисии – Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно-правната комисија.
Пред членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе се најдат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за високи раководители, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вработените во јавниот сектор.
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправа за Предлог-законот за изменување на Законот за шумите, по скратена постапка.
На седница ќе се состане и Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, која ќе го разгледа Предлог-законот за дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Македонија.
Истите законски решенија ќе бидат разгледани и на седница на Законодавно-правната комисија, која ќе расправа за предлог-измените на законите за високи раководители, административни службеници, вработените во јавниот сектор, платите и надоместоците на избраните и именуваните лица, како и за измените на Законот за шумите.

