Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Чествување на празникот Свети Климент Охридски

Пред споменикот на св.Климент Охридски во дворот на Националната и универзитетска библиотека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред споменикот на св.Климент Охридски во дворот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ ќе бидат положени венци цвеќе по повод државниот празник посветен на светителот. 

Во чествувањето ќе учествуваат делегации од Кабинетот на Претседателот, Собранието, Владата, Генералштабот на Армијата, МПЦ-ОА, како и претставници на институции, дипломатскиот кор и политички партии. 

Во Собранието денеска традиционално ќе биде доделена и државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година – највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија.

Реклама

Годинава, добитници на наградата се академик Витомир Митевски – за остварување во областа на воспитанието и образованието, а за остварување во областа на културата и уметноста наградата ќе ја добијат композиторот Живоин Глишиќ и ликовниот уметник Беди Ибрахим.