Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Честитка од министерот Мисајловски до вработените во одбраната и припадниците на Армијата по повод 1 Мај: Продолжете со истиот елан да работите за безбедноста на државата

По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, министерот за одбрана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, министерот за одбрана Владо Мисајловски упати честитки до сите вработени во одбраната и сите припадници на Армијата.

-Почитувани вработени во одбраната и припадници на Армијата, денешниот ден ја симболизира вредноста и важноста на трудот на секој еден вработен. Високо ја вреднувам вашата работа, вашата посветеност, мотивираноста која е видлива секој изминат ден, работејќи на процесите кои нè прават побезбедни и посилни. Ве охрабрувам со истиот ентузијазам, професионалност и посветеност да продолжите да придонесувате во заштитата на националните интереси и безбедноста на граѓаните, истакнува Мисајловски.

Како што наведува министерот, вработените во одбраната и припадниците на Армијата се темелот на безбедноста на државата и сигурноста на македонските граѓани.

Реклама

-Професионализмот, тимската работа и заедништвото кои ги покажувате пред секој предизвик и секој ангажман, рече министерот, се квалитети кои ве одликуваат и ве водат секојдневно, потенцира Мисајловски.