Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

Честитка од Ѓорѓиевски за Водици: Нашата вера, традиција и духовни вредности живеат и се пренесуваат од поколение на поколение

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски по повод празникот Богојавление – Водици…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски по повод празникот Богојавление – Водици денеска упати честитка до сите православни верници, свештенството, учесниците во празничните чествувања и до најсреќниот верник Дарко Митровиќ, кој го извади светиот крст од реката Вардар.

– Бог се јави! Денешниот ден е длабоко значаен и величествен.  Ден кога го славиме Богојавление, светото крштевање на Господ Исус Христос, една од најсветите тајни на Христијанството, симбол на духовно раѓање, вера и прочистување на човековата душа. Овој празник за мене има и посебна лична тежина, бидејќи денес го одбележувам и мојот именден, што го прави чувството уште посилно и поблагодарно. Масовноста, сплотеноста и заедништвото на мојот народ, кои денес јасно ги сведочиме, се силен доказ дека нашата вера, традиција и духовни вредности живеат и се пренесуваат од поколение на поколение, како темел на нашиот идентитет и опстојување. Го честитам празникот на сите кои денес беа дел од овој свет и возвишен настан, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Градоначалникот Ѓорѓиевски упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, како и до целото свештенство кое го предводеше овој свет чин во духот на нашата вера и вековна традиција. 

Реклама

– Им честитам и на сите скокачи кои, во навистина голем број, покажаа храброст и духовна сила обидувајќи се да го извадат Светиот Крст од водите. Посебна честитка до најсреќниот Дарко Митровиќ, кој го извади Светиот Крст од осветените води на реката Вардар.  Му посакувам добро здравје, среќа и радост, како и од Бога благословена година за него и неговото семејство. Да сте ми сите здрави и живи и догодина уште побројни, посложни и повесели! Бог се јави!, се наведува во објавата на Фејсбук.