Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Чаир започнува целосна реконструкција на улицата „Ферит Мурати“ / „Лазар Трповски“, се најавува и реконструкција на „Цветан Димов”

Градоначалниците на Скопје и на Општина Чаир, Орце Ѓорѓиевски и Изет Меџити,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалниците на Скопје и на Општина Чаир, Орце Ѓорѓиевски и Изет Меџити, денеска најавија реализација на проектот за целосна реконструкција на улицата „Ферит Мурати“, односно „Лазар Трповски“, во вкупна должина од еден километар.

Според Меџити, првата фаза од проектот – реконструкција на првите 600 метри, се реализира со финансиска поддршка од Светска банка во износ од околу 22 милиони денари, додека Општина Чаир учествува со дополнителни 4 милиони денари.  

Вториот дел од улицата ќе се изведува преку повик од Владата и со средства од општинскиот буџет.

Реклама

-Предвидена е целосна реконструкција на улицата, со велосипедски патеки од двете страни, нови тротоари и легални паркинг-места за околу 200 возила. Проектот опфаќа и реконструкција на постојниот кружен тек, како и изградба на уште два нови – кај основното училиште „Исмаил Ќемали” и кај крајната крстосница, истакна Меџити.

Во рамки на проектот ќе биде поставено и ново улично осветлување. Градоначалникот нагласи дека оваа улица ќе претставува модел за идните инфраструктурни зафати во Чаир и во градот Скопје

Според градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, инфраструктурните зафати во градот треба да се реализираат со јасна динамика, координација и транспарентност, со цел граѓаните да добијат квалитетни и долгорочни решенија.

Ѓорѓиевски нагласи дека секоја општина има обврска да обезбеди современи сообраќајни решенија, уредени пешачки и велосипедски површини и безбедна урбана средина.

Паралелно со овој зафат, Ѓорѓиевски  информираше дека се подготвува и реконструкцијата на улицата „Цветан Димов“, една од најфреквентните сообраќајници во општината.

Проектот предвидува проширување на коловозот, уредување на пешачките и велосипедските површини, како и подобрување на сообраќајната безбедност на критичните точки.