Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Прилози

Бура реакции по скандалозниот настап на Ордановски и упатените навреди кон Трамп

Релативно лошо образуван човек и исклучително нарцисоидна личност со мали културолошки познавања…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Релативно лошо образуван човек и исклучително нарцисоидна личност со мали културолошки познавања и неонацистичка реторика. Ова е накусо описот што за амаериканскиот претседател Доналд Трамп го даде новинарот и аналитичар Сашо Ордановски кој важи за исклучително близок до СДСМ. Тој во телевизиско интервју, меѓу другото рече и дека Путин го намачкал Трамп на лепче и дека првиот човек на најмоќната држава на светот бил на страната на злото и идеолошки заљубен во рускиот претседател.

„Трамп на еден најрекетарски начин сака да се наплати за многу повеќе стотици милијарди евра. Трамп мисли дека е тоа шоу програма во која излегува, тресе глупости, лаже и дека тоа нема последици. Но, за Украина пет минути разговарале… Тој е веќе комплетно на страната на Путин, не само Трамп туку и тие под него, со реторика која многу наликува на неонацизам… Сега го имате Трамп кој би рекол е на страната на злото“, изјави Сашо Ордановски во телевизиско интервју.

Ордановски не штедеше навреди и за Илон Маск, најбогатиот човек на светот и советник на американскиот претседател.

Реклама

На ваквата реторика на Ордановски реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија прашува дали Венко Филипче преку Сашо Ордановски кој бил негов неформален советник и, како што велат, сива еминенција во партијата ги напаѓа Соединетите Држави, но и дали СДСМ менува курс и тргнува по паметот на Левица?

„Дали Венко Филипче преку Сашо Орданоски ја нарече политиката на САД како неонацистичка? Се крие ли Венко Филипче зад Сашо Орданоски, и го напаѓа ли претседателот Трамп со навреди преку своите истурени играчи како Сашо Орданоски? Дали Венко Филипче во очај тргна по паметот на Левица и отвори војна со САД?“, изјави Бране Петрушевски, ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ со контра реакција. Од опозициската партија велат дека обвинувањата биле комични и дека поврзувањето на изјавите на Ордановски со нивните политики во однос на прозападниот курс на државата биле очаен обид на власта да ги сокрие сопствените неуспеси.

„Ова е уште една потврда дека освен манипулации, друга политика немаат да понудат. СДСМ е единствена партија која во континуитет ги негува прозападните вредности, која го изгради стратешкото партнерство со САД и ги реализираше евроинтегративните аспирации на земјата“ се наведува, меѓу другото, во соопштението од СДСМ.

Инаку овие изјави на Сашо Ордановски беа дадени додека македонскиот премиер е во Вашингтон каде ќе биде говорник на Конференцијата на конзервативна политичка акција на која свои обраќања ќе имаат и американскиот претседател Доналд Трамп, потретседателот Џеј Ди Венс и други значајни личности од американскиот и европскиот политички врв. Засилената меѓународна активност на Христијан Мицкоски и блиските релации на новата македонска влада со новата американска администрација, како и претставувањето на македонските позиции во најмоќните западни престолнини веројатно создава нервоза кај дел од проопозициските експерти кои до сега беа навикнати и на значителни финансиски стиумлации од УСАИД, меѓународната програма за помош која Белата куќа ја замрзна.

Љубиша Владимиров