Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Бугарските тврдења се испеана песна: Македонскиот јазик е признат низ целиот свет

Бугарските тврдења дека не постои македонски јазик се испена песна, без никаква…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарските тврдења дека не постои македонски јазик се испена песна, без никаква научна подлога. Тој е потврден уште пред осумдесет години и признат низ целиот свет. Директорката на Институтот за македонски јазик, Елена Јованова Грујоска, вели дека истиот се изучува насекаде низ светот, што јасно покажува дека е признат како таков. Жали што истиот во Софија се користи за дневнополитички теми.

-Тоа е испеана песна одамна и мислам дека сега користат некои дневнополитички моменти, за повторно да се актуелизира последниве две три години тоа прашање. Ова прашање е апсолвирано далечната 1944-та година. Значи пред 80 години е апсолвирано, целиот славистички свет и општо лингвистиката во светот го признаа македонсиот јазик, изјави Јованова Грујоска.

Универзитетскта професорка Лидија Тантуровска вели дека нема никаква потреба во 21-от век да се користи ваква реторика, бидејќи секаде јасно е потврдено дека македонскиот јазик постои.

Реклама

-Такви изјави отсекогаш постоеле, сметам дека сега во 21-от век кога постојат современи јазици кои се кодифицирани, сметам дека апсолутно тоа не треба да биде на дневен ред. Науката се занимава со научни истражувања, тоа е покажано со научните документи, така што сметам дека сето друго не е наука, изјави Тантуровска.

Инаку, во рамките на отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје беше отворена деветтата Меѓународна научна конференција насловена „Македонски јазик- извор на научни истражувања“.