Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Бугарскиот шеф на дипломатијата вели дека Бугарија немало да поставува нови услови од договорените

Членството во Европската унија не е дадено, туку се базира на специфични…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членството во Европската унија не е дадено, туку се базира на специфични критериуми и услови кои секоја земја кандидат за членство мора да ги исполни, изјави бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев, коментирајќи го вчерашното одложено гласање за извештајот за Македонија во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

Според него, Бугарија ја сфаќа важноста на проширувањето на ЕУ и европската интеграција на земјите од Западен Балкан, но, како што потенцира тој, го потврдуваме и принципот на сопствени заслуги. „Дадовме јасен сигнал дека Бугарија е конструктивна. Важно е да се напомене дека Бугарија нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапување на РСМ во ЕУ“, истакна Георгиев.

Тома Биков од ГЕРБ-СДС изјави дека очекуваат Македонија да ги започне преговорите со ЕУ, но дури откако ќе видат дека, како што рече, антибугарските сили, кои се и антиевропски, да бидат ставени во позиција да не ја водат државата.

Реклама

Минатата недела бугарското собрание донесе резолуција според која Бугарија останува целосно ангажирана во европскиот консензус од јули 2022 година. Во одлуката, бугарските власти ја повикуваат Северна Македонија строго да ги почитува постигнатите договори.