Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Бугарија и ЕУ ги прифатија сите аргументи на Николоски за проектот за железничкото поврзување на двете земји

Обвинителството ги проверува евентуалните злоупотреби во изведба на автопатот Скопје-Блаце. По обелоденувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителството ги проверува евентуалните злоупотреби во изведба на автопатот Скопје-Блаце. По обелоденувањето на информациите од министерот Николоски на собраниска говорница дека претходното раководство ги зголемило трошоците за проектот за речиси 70 милиони евра и проекциите биле спротивни на европските практики, Алфа побара став дали обвинителите истражуваат како сумата од 172 стигнала до неверојатни 240 милиони евра.    

  • „Проектот за изведба на автопатот Скопје-Блаце е опфатен со извештај на Државниот завод за ревизија врз основа на кој се вршат проверки од Основното јавно обвинителство Скопје. Секој што поседува документи и други докази за сторени кривични дела има законска обврска тие да ги достави до истражните органи“ велат од ОЈО Скопје.

Николоски одговарајќи на пратенички прашања откри скандалозни податоци поткрепени со документација, дека злоупотреби биле правени единствено со цел проектот да го добие една фирма и вештачки да поскапе неколкукратно:

  • „Овој документ за првпат излегува во јавност. На 31 мај, Суес му испраќа писмо на Ејуп Рустеми — вашиот член — кое Рустеми го крие, а во кое во точка 4, „Трошоци за проектот“, се наведува дека проектот двапати бил менуван и дека трошоците се зголемиле од 172 на 240 милиони евра. Извинете, но јас нема да го реализирам криминалот на Ејуп Рустеми. Дополнителни 70 милиони евра да бидат потрошени од македонските граѓани, со уште 20 проценти од анексот? Затоа реков дека овој проект ќе достигне 300 милиони евра, а тоа нема да го дозволам. “ рече Николовски одговарајќи на пратенички прашања вчера.

Николоски не алармира само за штетни и криминални договори во делот на патиштата. Тој неколкупати предупредуцваше дека Македонија не смее да дозволи да плаќа нереални суми и за железницата кон Бугарија.

Реклама

За ова веќе има и конкретен договор со бугарската страна која се согласила на  заеднички проект, а не да се гради тунел кој не води никаде. Бугарија прифатила да го заврши својот дел од пругата како и проверка на цената која е превисока за изградба на железничкото поврзување на Македонија со источниот сосед. Договорот паднал во Софија помеѓу делегации од двете држави и Европската Унија.

Според проценката на ризиците, делегациите се сложиле во изградбата на тунелот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија е поефикасно да биде од еден изведувач и железничко поврзување меѓу двете земји да биде со посредство на Европската Унија.

  • „На состанокот од двете страни беше прифатено целиот проект во делот фаза 3 (делница Крива Паланка – Деве Баир), да биде преиспитан од причина што сегашната цена е превисока и неразумна со интенција истата да се намали. Двете делагции, исто така се согласија да се користи одлуката за технички проект за тунелот поднесен од ЈП Железници Инфраструктура. На состанокот беше договорено двете земји да формираат работни групи со цел да се подготви потребната документација за тунелот.

Македонија не отстапува од железничкото поврзување и на овој гледа како регионален проект со кој се потенцира развојот на европските транспортни мрежи, децидени се од Министерството за транспорт.