Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Бугарија доби нова Влада, дали Македонија ќе добие контруктивен соговорник?

Новата бугарска влада нема да ја смени политиката кон Македонија, ниту ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новата бугарска влада нема да ја смени политиката кон Македонија, ниту ќе има некакво разбирање за билатералниот спор и притисоците за внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав. Познавачите не се многу оптимисти во однос на новата владејачка гарнитура кај источниот сосед и нивната политика кон Макеоднија.

Дел од нив предвидуваат дека новата Влада на Росен Жељазков кој беше предложен од коалицијата ГЕРБ-СДС нема да биде стабилна и нејзниот мандат нема да трае повеќе од година и пол бидејќи е составена од многу коалиции и партии. Ова е само една од причините зошто бугарската страна нема да го промени ставот во однос на прашањето со Македонија и нивното барање за внесување на Бугарите во Уставот.

Не е само нестабилната бугарска влада причина што не се приближуваме кон решавање на проблемот со Бугарите. Арсовски вели дека Бугарија нема никаков протисок од ЕУ за се реши спорот со Македонија.

Реклама

На иста линија е и професорот по јавен менанџмент Петар Богојески. Овој заклучок го извлекува бидејќи  Црна Гора заработи вето од Хрватска, истиот ден кога новата комесарка за проширување Марта Кос најави дека Унијата ќе се проширува со уште една членка. Според него причините за ветото се небулозни. Хрватите бараат Црна Гора да  смени име на базен во Котор. Оттука, очигледно ЕУ,  нема политичка волја да стави крај на вакви барања на членките, секогаш кога нив нешто не им одговара, коментира Богојески.

Македонската страна подолго време чека соговорник кај источниот сосед за надминување на бугарската блокада односно, сегашната власт бара да се прифати решението Бугарите да влезат во Уставот кога Македонија ќе стане дел од Унијата.

За омекнување на односите на релација Скопје-Софија, добредојдено ќе биде и имплементирањето на пресудите од Стразбур од страна на Бугарија, кои се однесуваат на правата на Македонците таму.

По повеќе од два месеци од парламентарните избори и по седум изборни циклуси за 4 години, Бугарија конечно формираше Влада која ќе ја раководи Росен Жељазков, Тој го доби мандатот од претседателот Румен Радев, а владиниот кабинет го подржаа од 125 пратеници во Народното собрание.