Реклама
Прилози

Бугарија нема намера да мрдне ниту сантиметар од своите позиции, патот кон ЕУ останува блокиран и годинава

Најверојтано и во оваа нова 2026 година нема да ја видиме отворена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најверојтано и во оваа нова 2026 година нема да ја видиме отворена врата кон ЕУ. Печатот за ваквото црно сценарио го гледаме по новите провокации од Софија, каде македонскиот јазик беше наречен „јазик достапен за граѓаните“, наместо македонски. Со ова практично паѓаат во вода надежите дека во Софија ќе преовлада разумот. Токму спротивното – покажаа дека Уставот не е последниот услов.

Поранешниот амбасадор Марјан Ѓорчев предупредува дека проблемот одамна не е само технички или формален, туку длабоко политички и идентитетски. Тој укажува дека Брисел со селективниот пристап кон Украина го нарушил темпото на проширувањето во регионот, а дека Македонија дополнително била втурната во преговарачка рамка обременета со билатерални услови кои навлегуваат во историјата и образованието.

Според него, таквата рамка бара од Македонија да менува делови од својата колективна меморија, што е преседан за европското проширување.

Реклама

Целата преговарачка рамка се обременува со непотребна билатерализација, која условува Македонија да изврши ревизија на својата историја, со потпишаните договори со Бугарија и Грција, со протоколите, да обезбеди туторство на својот образовен систем и промена на својата колективна меморија. Тоа е државнички неприфатливо и затоа нашата македонска држава се соочува со крајна непредвидливост во тој процес на чекорење по нашиот европски пат. Тоа не е наша вина, тоа е сепак таа креација на преговарачката рамка на договорите на ЕУ со Бугарија како членка на ЕУ, која што нашата претходна влада на СДСМ и ДУИ ги прифати.“- вели поранешниот амбасадор, Марјан Ѓорчев.


Во вакви услови, Ѓорчев смета дека државата мора да настапи со зачувано достоинство и сувереност, бидејќи европската интеграција не смее да стане процес на редефинирање на идентитетот, туку перспектива за стабилност, развој и сигурност.

„Ние сме држава и треба да си го зачуваме државничкото достоинство… инаку ако ги прифатиме сите овие неприродни состојби кои сега се споменати во преговарачката рамка, ние ризикуваме да ја нарушиме нашата државност, сувереност и независност.“– вели Ѓорчев.

Новата ситуација со „достапен јазик“ само долева бензинот во стариот оган кои со години ја гори Македонија. Акцискиот план за правата на заедниците, кој Македонија го подготви со меѓународни експерти, беше поздравен во Брисел, но повторно проблематизиран во Софија – не по содржината, туку по јазикот.

Премиерот Христијан Мицкоски повторно истакна дека идентитетот не е тема за условувања, а по уставните измени мора да постојат гаранции дека нема да следат нови барања од Софија.

Аналитичарите го оценија овој потег како неопходен, бидејќи – велат – судејќи по однесувањето на Софија, тешко е да се верува дека барањата ќе застанат само на уставните измени. Затоа, според нив, барањето Македонија да добие европски гаранции дека нема да има нови блокади, вета и условувања е легитимно и корисно, и за процесот и за државата.