Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Економија

Буџетот стигна во Собранието – раст на даночни приходи, нови инвестиции и дигитализација

Повеќе пари за плати, пензии, помаку за социјални надоместоци. Ќе се градат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе пари за плати, пензии, помаку за социјални надоместоци. Ќе се градат патишта, болници, училишта – предлог буџетот за наредната година стигна во Собранието. Владата планира од државната каса да потроши 6,73 милијарди евра, а да собере 6,1 милијарди евра. Од даноци ќе се соберат речиси 3 и пол милијарди евра, што е пораст од 6%. Во државната каса ќе се слеат повеќе пари од данок на личен доход за 8,7%. Најголем пораст ќе има кај приходите од данокот на добивка од над 14%. Од ДДВ во државната каса ќе се инкасираат 1,5 милијарди евра. Акцизите ќе опфатат 582 милиони евра или 1,3% повеќе. Од социјални придонеси на граѓаните ќе се наплатат 1,98 милијарди евра. Ваквите амбициозни планови главно се засноваат на воведувањето на е-фактура, намалување на сивата економија и дигитализација на процесите.

„Целта на даночната политика е насочена кон намалување на даночната евазија, формализација на неформалната економија и дигитализација на даночните процеси, со што ќе се овозможи создавање на праведен и транспарентен даночен систем. Притоа, институциите ќе ги зајакнат своите капацитети и ќе воведат нови технологии за поефикасна и автоматизирана наплата на даноците. Дигитализацијата на даночните процедури е една од главните цели во процесот на даночна реформа, а со воведувањето на е-фактура би се спроведувала даночната контрола на подобар и поефикасен начин“ – стои во текстот на Предлог-буџет.

Тековните расходи за редовна исплата на плати на вработените во јавниот сектор, пензии, социјални права, исплата на субвенции, поддршка на економијата и иновативните активности изнесуваат 6 милијарди евра. Од нив, за пензии вкупно ќе се потрошат 1,9 милијарди евра, или за речиси 10% повеќе. За плати во администрацијата 855 милиони евра или дополнителни 7%. Намалена е ставката стоки и услуги за 0,5% на 454 милиони евра, како и сумата за социјална заштита за 15,7% на 195 милиони евра. За активни мерки за вработување ќе има на располагање 42 милиони евра. Трансферите до општините се на нивото од 585 милиони евра. Помал буџет има Владата за 8 милиони евра, како и претседателката на државата, а поголем Министерството за социјална политика, за економија и труд и за енергетика. Ќе има повеќе пари за амбулатни возила и набавка на автобуси.

Реклама

Капиталните инвестиции се намалени на реално ниво кое може да се исполни од 654 милиони евра. Предвиденио е да се градат неколкуте делници од Тетово до Кичево како и да заврши изградбата на Кичево-Охрид. Ќе има пари и за изградба на втиората делница од пругата Бељаковце – Крива Паланка.  Предвидена е изградба на заеднички железнички граничен премин со Србија, односно изградба и опремување на железничка станица Табановце. Ќе има пари за регионална станица за цврст отпад како и изградба на пречистителни станици во Битола и Тетово.

Буџетскиот дефицит треба да биде намален на 3,5% од БДП и да изнесува 637 милиони евра. Вкупно државата ќе се задолжи за 1,9 милијарди евра, од кои надворешното задолжување ќе биде 1,38 милијарди евра, а домашното 579 милиони . Догодина треба да се вратат долгови од 1,26 милијарди евра. Во странство треба да вратиме речиси 900 милиони евра, а внатрешниот долг кој треба да се отплати е 324 милиони евра.