Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Брзата помош добива сериозно засилување – нови возила за подобра грижа за пациентите

Нови 100 амбулантни возила вредни 7,5 милиони евра добива македонското здравство.Распишана е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови 100 амбулантни возила вредни 7,5 милиони евра добива македонското здравство.Распишана е јавната набавка и во моментов тече законскиот рок во кој заинтересираните компании можат да ги поднесуваат своите понуди.

Возилата ќе бидат распределени низ целата држава, со приоритет за здравствените домови кои имаат најголем број пациенти и недостиг на возила.

Очекувањата на надлежните, се дека со новите медицински комбиња ќе се подобри работата на брзата помош, транспортот на пациентите до болница ќе биде побрз, а ќе биде подобра и покриеноста во урбаните и во руралните средини.

Реклама

„Набавката на 100 нови амбулантни возила значително ќе го унапреди капацитетот на здравствениот систем за одговор при итни состојби и ќе овозможи побрза и поефикасна интервенција со брз и навремен транспорт на пациенти до соодветните здравствени установи. За возилата е предвидена надградена медицинска опрема“,велат од Министерството за здравство.

Според медицинскиот персонал силната инекција за здравството од сто нови , модерно опремени амбулантни возила ќе биде од голем бенефит за пациентите и здравствените работници.

Конкретно, главната служба за итна помош во Скопје располага со десетина исправни возила што секојдневно функционираат. Според раководството оваа бројка е многу мала за остварување на сите услуги во главниот град.

Инаку, возниот парк на здравствените установи изминативе десетина години најмногу се обновуваше преку донации.. Последен пат јавното здравство во Македонија доби 25 нови амбулантни возила во 2020 година. Од нив 12 беа за Итна помош, шест беа распределени во Скопје, а другите шест во здравствените домови во Крушево, Кичево, Крива Паланка, Берово, Струга и Дебар, што беше само капка во морето од потреби. 13 возила беа наменети за единицата за домашно лекување во градот Скопје.