Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Бронзениот од Светската олимпијада по информатика Грчев кај кочанскиот градоначалник Грозданов

Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, денеска го прими младиот кочанчанец Владимир…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, денеска го прими младиот кочанчанец Владимир Грчев, кој на своето прво учество на Светската олимпијада по информатика – IOI 2026, освои бронзен медал, натпреварувајќи се со најдобрите млади информатичари од целиот свет.
 
Овој голем успех е уште една потврда за талентот, знаењето и посветеноста на Владимир, кој зад себе веќе има европско злато, четири титули државен првак по информатика и петгодишно учество во македонските репрезентации на најзначајните меѓународни натпревари.

Владимир е наш сограѓанин, кој своето средно образование го продолжи во „Јахја Кемал“, а со своите постигнувања во континуитет го афирмира Кочани на домашната и меѓународната сцена.

-Горди сме што Кочани има млад човек како Владимир, кој со своите врвни резултати достојно го претставува нашиот град и Македонија на светската сцена и претставува вистински пример и инспирација за младите генерации, вели градоначалникот Владко Грозданов.

Реклама

Како признание за постигнатиот успех и за повеќегодишната афирмација на Кочани, градоначалникот Грозданов му врачи благодарница и персонализирани подароци, со желби за уште многу успеси и нови достигнувања во иднина.