Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Прилози

Бројот на жртвите ќе беше поголем ако не изреагираа брзо полицијата, пожарникарите и лекарите

Хеликоптери, противпожарни возила, возила за итна помош, полиција, и сите доктори на…

Сподели:

Хеликоптери, противпожарни возила, возила за итна помош, полиција, и сите доктори на работа – бројот на жртвите ќе беше далеку поголем, доколку вечерта и во текот на кобната ноќ овие служби не реагираа активно, брзо и со сите капацитети што им беа на располагање. Вака противпожарната, полицијата, Центарот за управување со кризи, лекарите, болниците, реагираа во првиот клучен момент, за да спасат што повеќе млади животи и да ги извлечат од пожарот во кочанската дискотека. Со оглед на можностите, капацитетите и ресурсите на институциите, вработените брзо и самоиницијативно се мобилизираа и дадоа се од себе за да ги спасат загрозените.

Директорот на Институтот за меѓународни стратешки и безбедносни студии, Раби Седрак вели со оглед на ресурсите екипите за итна интервенција брзо реагирале и пружиле помош на повредените.

Сабота спрема недела 3 часот после полноќ. На 112 во Центарот за управување со кризи се јавила една мајка на девојче кое било на журката и пријавила дека гори дискотеката во Кочани. По неколку се секунди се изгубил контактот, а мајката во паника го информира Центарот за управување со кризи. Почнува координацијата.

Реклама

За кратко, пред дискотеката пристигнала полициска интервенција и екипи на Брза помош од источниот дел на Македонија.

Во неделата наутро, речиси сите докторите и медицинските сестри од клиниките во Штип и Кочани се самомобилизирале. Во скопје Клиниките ги отворија вратите и беа спремни за повредените кои од Штип и Кочани се транспортираа до главниот град. Некаде околу 6 часот, со  хеликоптер почна транспортот на повредените до ГОБ 8 септември.

Медицинарите самоиницијатнивно се кренаа на нозе и дојдоа да пружат помош. Лекарите и сестрите од скопските клиники се јавиле веднаш на работа откако јавноста дозна за најголемата трагедија што и се има случено на Македонија.

Во борбата со чадот и пламените јазици, животот го загуби и полицаецот кој во патролната контрола влегол во дискотеката 15 минути пред да се вивне пламенот.

Во извлекувањето на повредените и жртвите повредени се и тројца пожарникари. Засега, докторите и сестрите неуморно работат и даваат се од себе во лекувањето на повредените. Според информациите на надлежните, тие засега неколку дена неуморно го издржуваат темпото и соработуваат со колегите коишто дојдоа од Чешка Израел и Белгија. Спремни беа и тимовите на Црвен крст кои заедно со Брзата помош веднаш беа распоредни по клиниките и пружија поддршка на семејствата на повредените и загинатите.