Реклама

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Македонија

Бројни културни настани неделава на „Кривопаланечко културно лето 2026″

Од денеска со петок Општина Крива Паланка организира бројни културни настани во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од денеска со петок Општина Крива Паланка организира бројни културни настани во рамки на програмата „Кривопаланечко културно лето 2026″, музички и литературни настани за сите генерации.

– Пред нас е уште една недела исполнета со култура и разновидни настани. “Кривопаланечкото културно лето 2026” продолжува со богата и разновидна програма, внимателно креиран спој на музика, книжевност и визуелна уметност, со содржини за различни генерации и вкусови. Вечерва на летната сцена со почеток во 20 часот е концертот на Сашко Митов, “Од дамнина до денес”, утревечер во истиот термин е литературна вечер со настап на роднокрајни автори „Паланечка дума“, а во среда, 19 август, музичка вечер со Гоко Ѓорчев и Кате. На 20 август во Националната установа Центар за култура Крива Паланка ќе се одржи годишна изложба на членовите на ликовното студио, на 21 август е музичка вечер со DJ Vono, а на 22 август за љубителите на уметноста, изложба „Симбиоза – простор, време и музика“ од Роберт Цветковски, информира службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка.

Оттаму нагласуваат дека програмата нуди спектар од различни емоции, атмосфери и уметнички изрази што го збогатуваат летото и го претвораат градот во место на средби, дружење и култура, повикувајќи ги граѓаните да ја проследат и да уживаат.

Реклама