Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Божиновска во Брисел: Интеграцијата во европскиот пазар на електрична енергија – стратешка цел за Македонија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, заедно со Националниот оператор на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, заедно со Националниот оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО), учествуваше на второто издание на Форумот за интеграција на пазарот на електрична енергија – Taking Implicit Electricity Market Coupling Beyond EU Borders, што се одржа во Европскиот парламент во Брисел.

На панел-сесијата посветена на проширувањето на европскиот пазар на електрична енергија до 2026 година, министерката Сања Божиновска дебатираше со високи претставници од Европскиот парламент, ACER, регионалните берзи за електрична енергија и институции од Западен Балкан.

-Интеграцијата на македонскиот организиран пазар на електрична енергија во Единствениот европски пазар е од стратешко значење за државата. Министерството целосно го поддржува процесот што го спроведува МЕМО. Станува збор за сериозен влог – зголемена ликвидност на пазарот, поконкурентни цени и поголема сигурност на снабдување, што директно влијае на економската стабилност и предвидливост, истакна министерката.

Реклама

Дополнително, Божиновска посочи дека интеграцијата со европскиот пазар може да понуди заштита од финансиските ефекти на CBAM механизмот на ЕУ, што би значело значајна економска корист за македонските компании.

Во своето обраќање, министерката потсети дека процесот на пазарно поврзување започна уште во 2017 – 2018 година, а сега се наоѓа во деликатна фаза, каде што се работи на транспонирање на ЕУ-законодавството и имплементација на MCO IP (Планот за поврзување на пазарите) под надлежност на ACER (Агенција на Европската Унија за соработка на регулаторите за енергија).

-Поради неизвесностите околу влијанието на CBAM, императив беше поврзувањето на пазарите да се случи пред 2026 година. Иако веќе сме надвор од таа временска рамка, реално е да се стремиме кон поврзување помеѓу четвртиот квартал на 2026 и првиот квартал на 2027 година, рече Божиновска, повикувајќи на засилена соработка меѓу ЕУ и земјите аспиранти за членство.

Во контекст на новата енергетска визија, министерката информираше дека минатата недела Собранието го усвои новиот, ЕУ-усогласен Закон за енергетика – со што се поставуваат темелите за модерен, чист и фер енергетски систем.

-Создавањето посебно Министерство за енергетика, како и новиот Закон, се доказ за сериозноста со која пристапуваме кон секторот. Законот значи повеќе обновливи извори, намалување на загуби, отворен пазар, и поголема улога за граѓаните како и производители и потрошувачи на енергија, додаде министерката.

Во своето завршно обраќање, министерката Божиновска испрати порака до европските носители на одлуки:
„Да работиме заедно за забрзување на пазарното поврзување. Бенефитите се заеднички – од енергетска сигурност до економски раст. Само со засилена соработка можеме да изградиме стабилен, интегриран европски електро-енергетски систем кој ќе им користи на сите.“

Форумот во Брисел собра над 100 претставници од енергетски берзи, регулатори и институции од ЕУ и Западен Балкан, со цел обезбедување политичка и регулаторна поддршка за побрза интеграција на земјите од Енергетската заедница во Единствениот европски пазар на електрична енергија.