Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Божиновска: Вистинскиот развој се случува кога институциите, академијата и приватниот сектор седнуваат на иста маса

Енергетиката како двигател на развојот, младите како носители на иднината и партнерствата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Енергетиката како двигател на развојот, младите како носители на иднината и партнерствата како клуч за успех – ова беа централните пораки од настанот „Енергија што поврзува: Северна Македонија – Австрија, партнерство за иднината“, што се одржа во Скопје во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Амбасадата на Република Австрија и австриската библиотека при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Настанот, информираат од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), обедини претставници од институциите, академската заедница, приватниот сектор, професори и студенти од техничките науки отворајќи конкретни можности за нови заеднички проекти, продлабочена соработка и посилно вмрежување на македонските факултети со европските, особено со австриските универзитети.

– Во фокусот на дискусијата беше и подготвеноста за конкретна поддршка на младите – амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, и Волфганг Маиер, претседател на Управниот одбор на „ЕВН Македонија“, изразија јасна отвореност за вклучување во активности што ќе овозможат повеќе практични можности, размена на искуства и професионален развој за студентите, особено во енергетскиот сектор. Посебен акцент беше ставен и на вклучувањето на жените во енергетиката, како и на создавање услови младите да стекнуваат знаење во странство, но и да го враќаат и применуваат дома – сопшти МЕРМС.

Реклама

Учесниците, се нагласува во соопштението, се согласија дека ваквите настани имаат суштинско значење – тие не се само платформа за разговор, туку мост и врата кон нови можности, партнерства и конкретни иницијативи.

Како конкретен пример за ваквата соработка беше посочен проф. д-р Сашко Ристов, кој повеќе од една деценија работи како професор на универзитет во Австрија. Преку негов ангажман и иницијатива, во соработка со македонски институции, вклучително и МЕПСО и ЕВН, е развиен проект од областа на енергетиката и дигитализацијата во вредност од речиси 2 милиони евра. Проектот има цел унапредување на перформансите и стабилноста на електроенергетската мрежа преку примена на современи дигитални алатки и решенија.

Амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер, истакна дека поврзаноста меѓу двете земји е длабока и природна, базирана на доверба, заеднички вредности и долгорочна соработка нагласувајќи дека ова партнерство во иднина само ќе се продлабочува, особено во делот на образованието, иновациите и енергетиката.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во своето обраќање порача дека соработката има двонасочна вредност.

– Она што сакам да го истакнам е дека оваа соработка има двонасочна вредност. Таа се гради преку луѓето – преку македонските професори, истражувачи и студенти, преку знаењето што се создава и споделува и преку идеите што патуваат во двете насоки. Тоа е вистинското значење на партнерството – заемен раст и споделена визија – рече Божиновска.

Таа нагласи дека енергетската стабилност е клучна за економската отпорност и за квалитетот на живот посочувајќи дека целта на Министерството е изградба на модерен, одржлив и поврзан енергетски систем, во чекор со европските стандарди и идни развојни текови.

– Ниедна држава денес не може сама да одговори на сите енергетски предизвици. Потребни се партнерства, доверба и заедничка визија. Токму затоа ваквите средби се од суштинско значење – тие покажуваат дека вистинскиот развој се случува кога институциите, академијата и приватниот сектор седнуваат на иста маса – истакна Божиновска.

Настанот беше насочен кон студентите од техничките факултети, со цел да се поттикне нивниот интерес за енергетиката и меѓународната соработка. Во таа насока, министерката упати директна порака до младите да ја препознаат енергетиката како простор на можности, иновации и влијание.

Настанот се одржа во австриската библиотека при Филолошкиот факултет во Скопје – простор кој неодамна е целосно реновиран со поддршка на Амбасадата на Република Австрија и кој симболично ја отсликува поврзаноста меѓу двете земји преку образование, култура и размена на знаење. На настанот присуствуваше и деканот на Филолошкиот факултет, Владимир Мартиновски.

Организаторите изразија уверување дека оваа средба ќе биде само почеток на нов бран на соработка, проекти и можности што ќе ги поврзат младите, институциите и индустријата во заедничка визија за одржлива енергетска иднина.