Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Економија

Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со амбасадорот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер, ја посети работилницата за мозаик и рубин, која се реализира во ДСУЛД „Лазар Личеноски“.

Како што соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, станува збор за иновативен пристап, кој ги поврзува геологијата, уметноста и едукацијата преку практична работа со минерали – со посебен фокус на рубинот како симбол и материјал. Работилницата веќе е во тек и претставува редок пример каде што природните ресурси се претвораат во креативен и едукативен процес со пошироко општествено значење.

Посетата е дел од пошироките активности на Министерството насочени кон поврзување на енергетиката и рударството со образованието, иновациите и креативните индустрии како клучен сегмент од современите политики за одржлив развој.

Реклама

– Ваквите проекти се конкретен пример како се гради нов наратив за енергетиката и рударството не само како сектор туку како простор за знаење, иновации и поврзување со културата. Нашата цел е природните ресурси да станат дел од образованието, креативноста и економијата. Токму таму се создава вистинската додадена вредност за државата. Ваквите иницијативи се важен чекор кон градење нов пристап во секторот – каде што младите се директно вклучени, а ресурсите се користат како алатка за учење, иновации и развој на нови вештини – истакнала министерката Божиновска.

Амбасадорот Прескер ги поздравил соработката и поддршката на ваквите проекти нагласувајќи дека тие создаваат конкретни резултати и долгорочни партнерства меѓу институциите, образованието и граѓанскиот сектор.

Во рамките на посетата министерката Божиновска и амбасадорот Прескер симболично се вклучиле и во самиот креативен процес учествувајќи во изработката на мозаикот инспириран од рубинот. Преку овој гест тие дале поддршка на идејата за поврзување на природните ресурси со уметноста и образованието испраќајќи силна порака за значењето на креативноста, инклузијата и заедничкото создавање како двигатели на одржливата иднина.

Работилницата е дел од проектот „Вештини – клучот на зелената економија“, поддржан од Амбасадата на Република Словенија, а го реализираат центарот за истражување на природата и културата Nature Expedition и здружението „Дијалог“. Проектот комбинира геологија, сторителинг и уметност преку изработка на мозаик инспириран од рубинот. Дополнителна вредност на процесот е и инклузивната компонента – во активностите се вклучуваат и млади лица со Даунов синдром, со што проектот добива и силна општествена димензија.

Во рамките на активностите се изработуваат два мозаика – едниот ќе биде поставен во мермерниот комплекс во Беловодица како дел од концепт за отворена галерија, а вториот ќе биде изложен во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

Проектот „Вештини – клучот на зелената економија“ отвора нова перспектива: од ресурс до знаење, од минерал до приказна, од образование до одржлива иднина.