Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Божиновска покровител на натпреварот за најдобар бизнис-концепт за зелени иновации: Стратешка поддршка за младите

Иднината на државата се гради дома, преку знаење, идеи и храброст, истакна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иднината на државата се гради дома, преку знаење, идеи и храброст, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, која денеска го отвори Националниот натпревар за најдобар бизнис-концепт за зелени иновации за средните училишта 2026/2027, што се одржа на Машинскиот факултет при УКИМ.

Натпреварот е платформа во која младите ги претвораат своите идеи во реални концепти – решенија за енергетска ефикасност, обновливи извори, циркуларна економија и одржлив развој.  Годинава, 42 средношколски тимови аплицираа со свои иновативни зелени решенија, а најдобрите 20 денеска се натпреваруваат во полуфиналето. Осумте најуспешни ќе обезбедат пласман во финалето што ќе се одржи на 7 мај во Кавадарци.

Како што соопшти Министерството за енергетика, натпреварот веќе доби и меѓународно признание – престижната ETF Green Skills Award 2025, во конкуренција од над 50 земји, што дополнително ја позиционира Македонија како земја која инвестира во зелени вештини и иднина.

Реклама

– Министерката Божиновска и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини годинава застануваат како покровител на еден од најдолговечните и најрелевантни образовно-иновациски процеси во државата, кој веќе 18 години создава генерации млади луѓе што размислуваат претприемачки, иновативно и одговорно кон животната средина, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Министерката Божиновска порача дека поддршката за младите не е декларативна, туку стратешка.

– Ако сакаме силна економија и стабилен енергетски систем, мора да инвестираме во тие што ќе го носат утрешниот развој. Овие млади луѓе не се само ученици, тие се идни инженери, претприемачи и креатори на политики. Зелените иновации повеќе не се избор, туку неопходност. Државата мора да создаде услови младите да ја гледаат својата иднина тука, а не надвор од земјата. Нашата обврска како институции е јасна – да ги препознаеме, да ги поддржиме и да им создадеме услови на младите да ги реализираат своите идеи овде. Да не бараат шанса надвор, туку да ја добијат дома. Да останат, да создаваат, да градат кариера и да ја развиваат државата. Континуираната поддршка на младите, нивните идеи и иновации не е избор – тоа е предуслов за напредок, истакна Божиновска. 

Натпреварот го организира Центарот за зелени иновации при Машинскиот факултет – Скопје, во соработка со Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење, а партнери и поддржувачи годинава се и приватниот сектор и образовни институции кои обезбедуваат финансиска и менторска поддршка за младите тимови.

 Министерството за енергетика нагласува дека со ова покровителство „јасно ја поставува својата политика – инвестиција во знаење, поддршка на младите и создавање услови Македонија да стане земја во која иновациите се развиваат, а младите остануваат“.