Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Божиновска на студентите на Виенската дипломатска академија им ги претстави енергетските приоритети и стратешките проекти на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, во рамките на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, во рамките на работната посета на Виена и учеството во извршната програма за обука „Жени лидери – Југоисточна Европа и Црното Море/Јужен Кавказ 2026“, оствари средба и одржа предавање пред студентите на Виенската дипломатска академија.

Во отворена дискусија со идните дипломати, информираат од нејзиниот кабинет, Божиновска ги претстави состојбите и приоритетите во енергетскиот сектор во Македонија, стратешките проекти за диверзификација на изворите и модернизација на инфраструктурата, како и активностите за зајакнување на енергетската независност и сигурноста во снабдувањето. Студентите имаа можност да поставуваат прашања и непосредно да се запознаат со предизвиците во креирањето и спроведувањето на енергетските политики и нивната поврзаност со економскиот развој и меѓународната соработка.

Во рамките на програмата министерката учествуваше и на сесијата „Дигитална дипломатија“, посветена на примената на дигиталните алатки во современите дипломатски односи и меѓународната комуникација.

Реклама

За време на посетата на Виена, Божиновска оствари и средба во Сојузното министерство за европски и меѓународни работи на Австрија, во насока на одржување на институционалниот дијалог и унапредување на соработката.