Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Божиновска на средба со претставници на ММФ – потврдена заложбата за енергетска сигурност и одржлив развој на енергетиката

Актуелните економски состојби и идните планови на Министерството за енергетика, рударство и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Актуелните економски состојби и идните планови на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во врска со интеграцијата со европскиот енергетски пазар беа тема на дискусија на денешната работна средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводени од шефот на мисијата во земјата, Ник Гигинеишвили.

Министерката Божиновска, информираат од нејзиниот кабинет, ги информира претставниците на ММФ за тековните активности на Министерството во насока на усогласување со европските стандарди. Притоа министерката потенцира дека се работи на исполнување на обврските за енергетска ефикасност на јавните згради според кои секоја година е предвидено да се реконструираат најмалку 3 проценти од вкупната корисна подна површина на јавните згради, што претставува крупен исчекор кон намалување на потрошувачката на енергија, а со цел да им се излезе во пресрет и на потребите на граѓаните.

Во врска со актуелната состојба со цената на горивата, министерката Божиновска на средбата ги презентира актуелните мерки што ги презема Владата со цел да се спречат ценовни шокови, при што додаде дека земјава во моментот има најниски цени на горивата во регионот. Министерката воедно нагласи дека и понатаму ќе се преземаат мерки со цел да се заштити стандардот на граѓаните.

Реклама

Во таа насока, министерката ги нагласи и програмите за субвенционирање на сметките за електрична енергија и субвенции за клими, кои се насочени кон заштита на ранливите категории граѓани.

Претставниците на ММФ на средбата ја потврдија цврстата заложба на Владата и на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за забрзување на преземените чекори во согласност со реформската агенда, со цел обезбедување сигурен и модерен електроенергетски систем.