Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Божиновска на Евроазискиот економски самит во Истанбул: Македонија дел од глобалната дебата за енергетска безбедност и новиот светски поредок

Во услови на глобални кризи енергетиката повеќе не е само економско прашање,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во услови на глобални кризи енергетиката повеќе не е само економско прашање, туку прашање на безбедност, стабилност и стратешка отпорност на државите – порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во своето обраќање на панелот на тема Energy and Economy in the Post-War World alongside War, Terror, Conflict and Forced Migration на 29. Евроазиски економски самит во Истанбул, Турција.

– Изолацијата не е стратегија. Соработката е – рече Божиновска нагласувајќи дека земјата активно работи на диверзификација на енергетските извори, регионално поврзување, инвестиции во обновливи извори и модернизација на енергетската инфраструктура.

Посебен акцент во обраќањето беше ставен на регионалната енергетска поврзаност на Балканот, која, според Божиновска, денес претставува геополитичка неопходност, а не само инфраструктурно прашање.

Реклама

Министерката нагласи и дека зелената транзиција мора да биде реална, праведна и социјално одговорна, без создавање енергетска сиромаштија и нови економски нееднаквости, особено за земјите во развој и транзиција.

– Зелената транзиција не може да успее ако создава енергетска сиромаштија и ги продлабочува нееднаквостите. Потребна е транзиција што ќе биде истовремено и одржлива и праведна – истакна Божиновска.

Таа се осврна и на важноста од регионална соработка, стабилни партнерства и забрзана интеграција потенцирајќи дека малите држави не смее да бидат пасивни набљудувачи на глобалните промени, туку активни учесници во нивното обликување.

На панелот заедно со Божиновска учестуваа и актуелни и поранешни министри, европски политички лидери, дипломати и претставници на меѓународни институции од Европа, Азија и Блискиот Исток.

Учество на Македонија на вакви глобални форуми е од особена важност за позиционирање на државата како активен и кредибилен партнер во меѓународните процеси поврзани со енергетиката, економската стабилност, зелената транзиција и регионалната соработка.

Годинешниот Евроазиски економски самит се одржа со мотото Global Responsibility – The Post-War World with War, Terrorism, Conflict, and Involuntary Migration, а во фокусот на дискусиите беа глобалната енергетска безбедност, новите геополитички односи, климатските предизвици, недостигот на вода и зеленило, како и економските и социјалните последици од светските конфликти и миграции. Самитот во Истанбул собра политички лидери, министри, дипломати, академици, претставници на бизнис-секторот и граѓански организации од повеќе континенти, со цел отворање нов дијалог за поодржлива, постабилна и покооперативна иднина.