Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Божиновска на Делфи-форумот ја позиционира Македонија како регионален енергетски јазол

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествуваше на панелот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествуваше на панелот Engineering the Infrastructure of Energy Security во рамките на Делфи-економскиот форум, каде што заедно со високи владини претставници и лидери од енергетскиот сектор се дискутира за иднината на енергетската безбедност во регионот.

Во своето обраќање министерката Божиновска нагласи дека земјата влегува во нова фаза на енергетско позиционирање.

– Денес, ние свесно се позиционираме како регионален енергетски јазол што ги поврзува пазарите, изворите и партнерите – истакна Божиновска.

Реклама

Таа ја претстави стратегијата базирана на три клучни столба: интерконекторот со Грција како директен пристап до алтернативни извори на гас и ЛНГ-терминали, соработката со Србија, која отвора северен коридор и овозможува двонасочен проток и партнерството со САД преку ЛНГ-иницијативата, со што се зајакнува енергетската независност.

– Енергетската политика без инфраструктура останува само декларација. Со изградбата на овие коридори ја намалуваме ранливоста, создаваме поконкурентни цени и се позиционираме како транзитна земја што додава вредност – посочи министерката.

Божиновска потенцира дека новата улога на земјата не е само транзитна, туку стабилизирачка за поширокиот регион.

– Не сакаме да бидеме периферен пазар – туку сигурен партнер во европската енергетска мрежа – додаде таа.

Во однос на енергетската транзиција, Божиновска истакна дека пристапот на државата е прагматичен и насочен кон сигурност:

– Нема енергетска транзиција без сигурност – и нема сигурност без диверзификација. Географијата сама по себе не е предност ако не се претвори во политика. Нашата цел е да станеме фактор на стабилност на регионалниот пазар на електрична енергија – рече Божиновска.

Со зајакнувањето на јужните и северните енергетски коридори, Македонија се позиционира како активен учесник во стабилизирањето на енергетските текови во регионот.

Клучната порака што Божиновска ја испрати од Делфи е јасна дека „градиме енергетски систем, кој е диверзифициран, поврзан и стратешки релевантен – со улога што ќе го дефинира нашето место во Европа во децениите што следуваат“.