Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Божиновска на Делфи-економскиот форум: Поврзаноста е важно прашање за енергетската безбедност

Енергетската безбедност е многу важно прашање, ниедна земја не треба да биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Енергетската безбедност е многу важно прашање, ниедна земја не треба да биде сама, потребна ни е поврзаност – порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска за време на нејзиното учество на панел-дискусија посветена на енергетиката на Економскиот форум во Делфи, Грција.

Министерката детално се осврна на плановите и чекорите што ги презема нашата земја со цел да се обезбедни енергетска стабилност, но и меѓусебна поврзаност со соседните земји, нагласувајќи дека е „геостратешки пристап“ и го спомена интерконекторот со Грција и неговото продолжувањето кон Србија.

– Ќе бидеме транзит-земја и ќе ја снабдуваме со гас Југоисточна Европа и мислам дека до крајот 2027 преку оваа соработка ќе постои алтернатива за рускиот гас. Ова е многу важно. Друго важно прашање е стратешкиот дијалог што го имавме со САД пред две седмици, а освен состаноците, потпишавме и меморандум за разбирање за подобрување на гасната безбедност – објасни Божиновска.

Реклама

Се осврна и на важноста на спојувањето на пазарите на електрична енергија со соседните земји и ЕУ (т.н. маркет-каплинг) за што рече дека доцни бирократијата во Брисел, но изрази надеж дека ќе се финализира прашањето до 2028 година, уште еднаш нагласувајќи ја важноста на поврзаноста.

Дополнително, посочи дека во енергетската транзиција нашата земја е насочена кон обновливи извори на енергија, што воедно е главен приоритет, а во однос на малите модуларни реактори рече дека тоа е добра идеја, но станува збор за долг законодавен процес, а во тој период „треба да работи на обновливи извори на енергија“.