Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Економија

Божиновска на „Berlin Global Dialogue“: Зависноста од еден извор е ризик од минатото

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на еден од највлијателните глобални форуми „Berlin Global Dialogue 2025“, што оваа година се одржува под мотото „Shifting Power, Shaping Prosperity“. Форумот е насочен кон тоа како новата мултиполарна реалност може да создаде стабилен и одржлив глобален развој, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Божиновска во своето обраќање нагласи дека концептот на енергетска безбедност денес суштински се менува – од фокус на количина и извор на енергија, кон отпорни и зелени системи што обезбедуваат долгорочна стабилност.

– Енергетската безбедност повеќе не значи само количина и извор на енергија. Денес тоа е прашање на отпорност, диверзификација и транзиција кон почисти, поодржливи извори. Геополитичките промени нѐ научија дека зависноста од еден снабдувач претставува сериозен ризик. Затоа нашата стратегија е јасна – поврзување со повеќе пазари, изградба на интерконектори и зајакнување на стабилноста, дури и во услови на глобална неизвесност, изјави министерката.

Реклама

Таа се осврна и на конкретните активности што државата ги презема во насока на енергетска независност и одржливост – диверзификација на снабдувањето со гас преку интерконекторот со Грција, подготовка на инфраструктура за транспорт на водород, зголемување на производството од Сонце и ветер, модернизација на преносната мрежа и инвестиции во складирање и дигитализација.

– Нашата визија е едноставна, но амбициозна – енергетски систем што е доволно флексибилен за да ги апсорбира глобалните шокови, доволно зелен за да обезбеди одржливост и доволно стабилен за да гарантира достапна енергија за сите, вели Божиновска.

Во однос на рамнотежата меѓу безбедност, достапност и одржливост, министерката нагласи дека овие цели не се меѓусебно исклучени, туку меѓузависни.

– Не станува збор за избор меѓу безбедност, достапност или одржливост, туку за тоа како ги поврзуваме овие цели. Тоа бара стратегија, долгорочни инвестиции и пред сè – соработка. Ниту една земја не може сама да ги реши глобалните енергетски предизвици, но заедно можеме да изградиме посилни и поотпорни системи, рече Божиновска.

Го посочи и значењето на вештачката интелигенција во енергетиката оценувајќи дека таа претставува потенцијал за подобра ефикасност.

– Вештачката интелигенција може да ја зајакне отпорноста на системот – преку попрецизно предвидување на побарувачката, оптимизација на производството и подобра интеграција на обновливите извори. Ако се користи мудро, таа ќе ни овозможи да сме поефикасни и поподготвени за иднината, посочи министерката.

„Berlin Global Dialogue“ е глобална платформа основана со цел да поттикнува дијалог меѓу носителите на економски и политички одлуки, академската заедница и бизнис-секторот. Форумот е познат по своите учесници од највисоко ниво – меѓу кои и францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и извршниот директор на BlackRock, Лери Финк.

– Да ја претставуваме Македонија таму каде што се зборува за иднината на енергијата и глобалниот развој е чест и одговорност. Овие разговори не се само за иднината на енергијата – тие се за иднината на економијата, на стабилноста и на светот што го оставаме на следните генерации, нагласи Божиновска.