Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Божиновска–Мелинвуд: Започнува најобемната енергетска обнова на јавните згради досега 

Имплементацијата на планот за реконструкција на зградите што ги користат институциите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Имплементацијата на планот за реконструкција на зградите што ги користат институциите на јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025 – 2028, стратешки документ што поставува јасна, тригодишна рамка за најмасовната и најсистемска енергетска обнова на јавни објекти во земјата, досега беше во фокусот на денешната работна средба во Скопје меѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и Мелани Мелинвуд, претставник на Француската агенција за развој (AFD), во врска со реализацијата на планот за реконструкција на јавните згради – еден од клучните столбови на реформската агенда на државата.

Станува збор за план што веќе е усвоен од Владата по сеопфатен процес на усогласување со вкупно 33 институции, што ја потврдува неговата институционална тежина и стратешко значење за модернизација на јавниот сектор.

– Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, како носител на оваа стратешка реформа, интензивно работи на обезбедување финансиски средства за реализација на обврските што произлегуваат од реформската агенда, како и од постојните законски обврски. Во согласност со законската рамка, секоја година е предвидено да се реконструираат најмалку 3 отсто од вкупната корисна подна површина на јавните згради, при што мерките за енергетска ефикасност се задолжителен и нераздвоен дел од секоја реконструкција – соопшти Министерството за енергетика.

Реклама

На средбата, се додава во соопштението, беше истакнато дека во моментот е во подготовка таканаречената scoping студија (студија за определување опфат), со која детаљно ќе се утврдат параметрите за рехабилитација и обнова на зградите, како и јасни критериуми за приоритизација на објектите што први ќе влезат во процесот на реконструкција.

– Со ова државата прави крупен исчекор кон намалување на потрошувачката на енергија, пониски трошоци за јавниот сектор, подобри услови за работа во институциите и значително намалување на емисиите на штетни гасови во согласност со европските климатски политики. Оваа реформа претставува конкретен чекор кон позелена, поекономична и поодржлива јавна администрација, со директни придобивки за граѓаните и за државниот буџет – се потенцира во соопштението.