Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Божиновска: Македонија во нова фаза на енергетската политика – на имплементација, резултати и одговорност

Секторската работна група за енергетика денеска одржала состанок во Владата, на кој,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секторската работна група за енергетика денеска одржала состанок во Владата, на кој, како што информира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), е порачано дека енергетската транзиција повеќе не е план, туку активен процес со конкретни резултати и мерливи цели. 

Фокусот на дискусијата на состанокот, на кој присуствувале претставници од Делегацијата на Европската Унија, УНДП, Светскатабанка, амбасади, клучни институции од енергетскиот сектор, како и претставници на донаторската заедница и меѓународните финансиски институции, бил ставен на забрзување на реформите, ефективна донаторска координација и утврдување на следните приоритети во спроведувањето на стратешките документи и реформската агенда.

Како клучни приоритети се посочени: финализирање на законската рамка, забрзување на инвестициите во обновливи извори и мрежна инфраструктура, дигитализација на процесите, унапредување на енергетската ефикасност, како и засилено следење на имплементацијата на реформите.

Реклама

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во обраќање на состанокот истакнала дека Македонија влегува во нова фаза на енергетската политика – фаза на имплементација, резултати и одговорност.

– Градиме енергетски систем што нуди стабилност, доверба и одржливост. Со новата законска рамка, инвестициите во обновливи извори и засилената соработка со меѓународните партнери ги поставуваме темелите за модерен, конкурентен и европски усогласен енергетски сектор – нагласила министерката Божиновска.

Особен акцент бил ставен на усвојувањето на Интегрираниот национален план за енергија и клима 2025 – 2030 (NECP), кој претставува клучна рамка за декарбонизација, енергетска ефикасност и интеграција во европскиот енергетски пазар. Министерството потсетува дека веќе работи на воспоставување систем за следење, известување и координација за негова ефективна имплементација.

Во делот на праведната транзиција било истакнато дека процесот веќе добива конкретна оперативна динамика, со усвоен Ггдишен план за 2026 година и подготвени мониторинг-извештаи. Преку Инвестициската платформа за праведна транзиција, велат од МЕРМС, се забрзуваат инвестициите во обновливи извори, со фокус на нови работни места, преквалификација и поддршка за заедниците погодени од транзицијата.

– Состанокот ја потврди и силната определба за целосна интеграција во европскиот енергетски пазар. Новиот Закон за енергетика, усогласен со европското законодавство, воведува современи пазарни механизми, вклучително и ден однапред и интрадневен пазар и ја зајакнува улогата на националниот оператор на пазарот на електрична енергија – се вели во соопштението.

Претставниците на енергетските компании информирале за тековните и за планираните инвестиции. Бил нагласен напредокот во модернизацијата на преносната мрежа, развојот на обновливите капацитети, како и процесите на пазарно поврзување и дигитализација.

Од страна на МЕРМС се презентирани, како што велат, конкретни резултати од изминатиот период, меѓу кои: активни инвестиции во соларни и ветерни капацитети во соработка со меѓународни финансиски институции;  напредок во реализацијата на гасните интерконектори со Грција и Србија; подготовка на програми за енергетска ефикасност, вклучително и реконструкција на јавни објекти; воспоставување системски пристап за справување со енергетската сиромаштија. 

– Учесниците го поздравија постигнатиот напредок и ја нагласија потребата од уште поинтензивна координација и партнерство во остварувањето на заедничките цели – енергетска безбедност, одржливост, конкурентност и целосна интеграција во европскиот енергетски систем. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува цврсто посветено на транспарентен, инклузивен и резултатски ориентиран процес на енергетска транзиција како клучен двигател на економскиот развој и европската интеграција на државата – информира МЕРМС.