Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Божиновска – Мацинка: Одличната соработка со Чешка продолжува со нови можности во енергетиката и минералните суровини

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, кој престојува во официјална посета на земјава, соопштија попладнево нејзиниот кабинет.

Енергетиката, инвестициите и примената на современи технологии биле во фокусот на средбата на министерката со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република.

На средбата била потврдена одличната и континуирана соработка меѓу нашата земја и Чешката Република, со заедничка оценка дека постои значителен простор за нејзино натамошно продлабочување, особено во енергетскиот сектор.

Реклама

Во разговорот посебно внимание било посветено на можностите за чешки инвестиции и поголемо присуство на чешки компании во нашата држава, како и на размената на експертиза и технологии во области од стратешко значење – енергетска инфраструктура, обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и модернизација на енергетските системи.

– Чешка е наш докажан и значаен партнер. Имаме одлична соработка и воспоставени канали на комуникација, а сега целта е да направиме уште еден чекор напред – од размена на искуства кон конкретни проекти, инвестиции и технолошки партнерства. Македонија има голем потенцијал, а чешкото знаење и искуство можат да бидат значаен придонес во нашата енергетска трансформација – истакнала Божиновска.

Таа го потенцирала и значењето на директното институционално поврзување и економската дипломатија за отворање нови можности за македонските компании и привлекување инвеститори од Чешка.

Како што се нагласува во соопштението, соработката меѓу двете земји во економијата и енергетиката веќе има конкретна основа. Во март 2025 година, министерката Божиновска беше копретседавач на Третиот состанок на Мешовитиот комитет за билатерална економска соработка меѓу нашата држава и Чешката Република, како што се истакнува – каде што беа разгледани можностите за унапредување на економската соработка, трговската размена и реализација на проекти од заемен интерес.

Во рамки на оваа соработка, македонската страна во изминатиот период оствари и директни контакти со релевантни чешки енергетски институции и компании, со цел размена на искуства и создавање услови за конкретни партнерства.

На средбата било заклучено дека енергетската транзиција, сигурноста на снабдувањето и модернизацијата на инфраструктурата се области во кои двете земји имаат заеднички интерес, а постои потенцијал за продлабочување на соработката преку конкретни проекти и вклучување на бизнис-заедниците.

Од Министерството нагласуваат дека средбата на Божиновска со Мацинка е потврда дека традиционално добрите политички односи меѓу двете земји се претвораат во сè посилна економска и енергетска соработка, со фокус на инвестиции, технологии и конкретни резултати.