Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Божиновска: Крај на ерата на неточни броила, веднаш да се пушти опремата за проверка на струјомерите

Ерата на високи сметки за струја и неточни броила заминува во историја.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ерата на високи сметки за струја и неточни броила заминува во историја. Граѓаните за скоро ќе добиваат точни податоци за потрошените киловат часови. Ова го најави министерката за енргетика, рударство и минерални суровини, Божиновска за време на посетата на бирото за Метрологија. Македонија има современа апаратура за проверка на струјомерите, но, дали поради неажурност, или можеби од други причини, минатите власти не ја користеле.

Министерката Божиновска побара час поскоро, опремата се стави во употреба, за да можат граѓаните да добијат реални сметки за струја.  

„Со ставањето во употреба на оваа опрема, крајна цел е, освен верификација на мерилата и да се испитува исправноста на мерилата по жалба на потрошувач. Активно работиме на воведување системски решенија кои ќе ја зголемат заштитата на граѓаните и ќе обезбедат поголема транспарентност и контрола врз мерењето на потрошената енергија“, велат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Реклама

Инаку станува збор за трофазен систем за мерење на електричната енергија, кој повеќе од седум години собирал прашина, не бил употребуван и депониран во подрумските простории на Бирото.

„Со оваа мерка, граѓаните ќе добијат можност за независна проверка на исправноста на своите броила, директно во државна институција. Ова ќе овозможи секој сомнеж за неправилно фактурирање да се провери со прецизни и официјални мерења, при што граѓаните ќе добијат јасен и недвосмислен одговор за состојбата на нивниот инструмент. Истовремено, ова ќе претставува дополнителен механизам на контрола врз компаниите кои ги инсталираат и одржуваат броилата, со што ќе се обезбеди поголема правичност во наплатата на потрошената енергија и ќе се намалат можностите за неправилности “,велат од Министерството.

Од раководството на Бирото уверија дека за брзо ќе биде распишан тендер за проверка на функционалноста на опремата и веднаш потоа ќе биде пуштена во употреба. Ќе биде направена и потребната обука на вработените, по што ќе може да се почне со проверка на броилата.

Инаку голем број од граѓаните реагираа на високите сметки за струја кои ги добија изминатите месеци. Од Регулаторна ги повикаа потрошувачите кои се незадоволни од пресметката на струјата да поднесат приговор до „ЕВН Хоум“, а доколку не се задоволни од одговорот на компанијата имаат право да се жалат и на нивна адреса.

Љубиша Владимиров