Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Божиновска-Кавахара: Продлабочување на соработката за безбедна и одржлива енергетска иднина

Продлабочувањето на билатералната соработка во енергетскиот сектор, како и заеднички проекти поврзани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продлабочувањето на билатералната соработка во енергетскиот сектор, како и заеднички проекти поврзани со зелената транзиција беа тема на разговор на денешната работна средба меѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и амбасадорката на Јапонија во Македонија, Сецуко Кавахара.

На средбата присуствуваа и претставници од јапонската корпорација ИТОЧУ (ITOCHU), една од водечките и најреномираните компании во Јапонија, позната по своите инвестициски активности и експертиза во енергетски и индустриски проекти. ИТОЧУ е сериозна компанија со глобално присуство, која покажува интерес и за македонскиот пазар и потенцијалите за зелена енергетска трансформација во земјата.

Како што информираат од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, министерката Божиновска истакна дека нашата земја е посветена на преземање конкретни чекори кон одржлива, безбедна и инклузивна енергетска иднина. Таа ја оцени поддршката од јапонска страна како значајна за обезбедување на енергетска независност и одржливост.

Реклама

Двете страни ја потврдија потребата од зацврстување на позицијата на Северна Македонија на глобалната енергетска мапа како кредибилен и доверлив партнер во светската транзиција кон зелена енергија. На крајот, беше заклучено дека соработката во областа на енергетските реформи и инфраструктурните проекти ќе продолжи и во иднина.