Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Божиновска – Ју: Модернизацијата во енергетиката и зелената транзиција клучни за енергетска одржливост

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска имаше работна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска имаше работна средба со висока делегација на Светската банка, предводена од г-ѓа Шјијаокинг Ју, директорка на Канцеларијата на Светската банка за Северна Македонија.

Како што соопштија од МЕРМС, оваа средба е продолжение на досегашната соработка и координација за имплементацијата на клучните проекти во државата, меѓу кои посебен акцент е ставен на модернизацијата на системите за централно греење во Битола и Скопје, како и за актуелните активности на Министерството на полето на енергетиката.

Министерката Божиновска на средбата ги презентира стратешките енергетски проекти во насока на забрзување на процесот на зелена транзиција и плановите за реализација на нови инвестиции во обновливи извори на енергија.

Реклама

На средбата беше потенцирано значењето на енергетската ефикасност за што министерката Божиновска информира дека се работи на реализација на енергетска ефикасност на јавните згради, со што се очекува да бидат опфатени вкупно 33 институции. Со тоа, како што истакна министерката, директно ќе се придонесе кон почист воздух и енергетска одржливост, но истовремено и ќе се остварат придобивки за граѓаните, но и ќе се влијае врз економскиот развој на државата.

Посебен дел на средбата беше посветен на регионалното енергетско поврзување на државата, при што беа поздравени напорите на Министерството за создавање стабилен, модерен и одржлив енергетски систем.

– Двете страни се согласија дека цврстата партнерска соработка ќе продолжи и во иднина, при што беше истакнато дека Светската банка и понатаму ќе обезбедува силна поддршка во разни сектори со цел остварување на европската перспектива на земјата – стои во соопштението.