Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Божиќни донации во Штип

“Нема поубава чувство од тоа да знаеш дека со твоето малку, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

“Нема поубава чувство од тоа да знаеш дека со твоето малку, на некој си му овозможил многу“- вака штипјанец Александар Трајковски го објаснува својот хуман гест, донирајќи пакети за семејства од социјално-ранливи групи. Овој 82годишен старец и годинава ја продолжи својата традиција. Шеснаесет години по ред од својата пензија купува намирници и подготвува пакети со посна и мрсна храна доволна за празничната трпеза за Бадник и Божиќ.

Содржат се што е потребно за Бадник и Божиќ и посно и мрсно. За мене чувството е добро затоа што знам дека шест фамилии ќе седнат и ќе вечераат, ќе има што да јадат“ изјави Александар Трајковски.

Трајковски не бира вера. Пакетите кои ги донира ги прави и за христијани и за роми. На овој начин, вели тој се покажува човечноста, бидејќи сите сме исти, од крв и месо. Семејствата кои со помош на Црвениот крст годинава се најдоа на списокот, на Трајковски му се заблагодарија за несебичниот гест ..

Реклама

“Оваа донација за нас многу нешто значи, нема да седнеме на празна трпеза“ му се заблагодари штипјанка која прими донација од Трајковски.

Да помага му е оставено како аманет од покојната сопруга. Се надева дека ќе го послужи здравјето и ќе ја продолжи со својата хумана мисија. Упати апел до граѓаните да покажат поголема емпатија  со што ќе овозможат достоинствени празници за сите.

Александра Ристевска