Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Божиќ во семејство со 8 дечиња – Алфа и Дедо Мраз им донесоа радост и пакетчиња на Младеновски

Една кукла и една фудбалска топка. Ана Марија, Лука, Андреј, Мила, Ангела,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Една кукла и една фудбалска топка. Ана Марија, Лука, Андреј, Мила, Ангела, Никола, Борјана и Матеј. Овие дечиња научени на оскуден живот не можеа да посакаат нешто повеќе. Две играчки за нив се цел свет и тоа беше новогодишната желба за оваа година. Нетрпеливо ѕиркаа во исчекување што ќе им донесе Дедо Мраз.

Во Новата Година Алфа го посети ова семејство во кое судбината ги дарувала Бобан и Лидија со 8 дечиња и ништо друго потребно за живот. Искра радост што извлече детски насмевки беше посетата на Дедо Мраз во домот на семејството….. во кривапаланечкото село Ранковце.

Кога ТВ Алфа заедно со Дедо Мраз им донесе пакетчиња од Витаминка, детската радост беше неизмерна.

Реклама

Најмалиот Никола цврсто спиеше кога влеговме, но го разбуди смеата на неговите браќа и сестри.

Шест од овие дечиња секое утро пешачат километар по земјен пат за да стигнат на асфалт каде имаат превоз до училиште. Таткото Бобан макотрпно работи градежништво за да ја прехрани својата фамилија, а куќата во која живеат ја направил со свои раце и со помош на донации од хумани луѓе.

Вели не е многу, но живеевме уште полошо. Тој е среќен и благодарен што децата се на топло и имаат леб и млеко. Бобан е истотака скромен, тој не посакува ништо друго само здравје и среќа за своите најмили и за сите во светот.

Во Македонија живеат многудетни семејства на работ на егзистенција. Ана Марија е најбрливата. Лука е најбесниот, Ангела е најтрудољубива и обожава фудбал. Борјана се смее најсилно, а најмалото е најгласно. Секој од нив е посебен дар и бесценето богаство за најскромните родители што некогаш сме ги виделе.

Ако ова семејство преживува, колку семејства во Македонија ја делат истата судбина Заега нема официјални бројки.

Државен завод за статистика во земјава не ја мери сиромаштијата уште од 2020-та, од екот на пандемијата, велат немале ИТ вработени и имаат технички проблем.

Бројот на граѓани кои живееле под прагот на сиромаштијата во 2020 година изнесувал речиси половина милион. Од држава со неполни два милиони, една четвртина се сиромашни, и тоа мерено пред 3 години, без последиците од инфлацијата.

Денеска со поскапувањето, едно е сигурно. Во руралните средини ширум Македонија царува сиромаштијата, а голем број дечиња живеат во нехумани услови.

Власта доколку има намера да преземе мерки, за почеток да ги преброи сиромашните, а потоа 78% отсто, по свој терк да им ги зголеми социјалните примања.