Реклама

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Македонија

Борисов посакуван победник на Мицкоски на утрешните избори во Бугарија

Партијата на Бојко Борисов, е посакуван победник на изборите во Бугарија за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Партијата на Бојко Борисов, е посакуван победник на изборите во Бугарија за премиерот Мицкоски.Тој вели дека логично е да ја поддржи бугарската ГЕРБ, затоа што e од исто политичко семејство со неговата ВМРО-ДПМНЕ.Но, кој и да победи на утрешните парламентарни избори во Бугарија, премиерот Мицкоски останува на цврстиот став,за внесување на бугарите во македонскиот устав со одложено дејство, односно тогаш, кога бугарскиот парламент ќе го ратификува Пристапниот договор на нашата држава за влез во Европската унија.

„За да почне процесот на уставните измени потребно е она што ние го предлагаме да биде прифатено, а тоа е кога бугарскиот Парламент ќе го рафитикува Пристапниот договор на нашата земја во рамките на Европската унија, да важат тие уставни измени. Мислам дека е тоа фер решение за сите имајќи ја предвид состојбата во којашто не доведе Владата во која клучниот збор го имаше Бујар Османи и позади себе ги водеше Маричиќ и Ковачевски. Сега дознавам што се правело во тој период и навистина шокирачки се тие информации, затоа жестоко се бориме. Друг тип на уставни измени додека сум јас премиер нема да има, ултиматуми и диктати нема да прифаќам“, рече Мицкоски.

Премиерот Мицкоски е дециден, дека нема да праќа писмо до Европската Унија. Тој смета дека сега е беспреметно да се направи тоа, од причина што ставовите на макеоднската Влада за француски предлог плус,односно одложено дејство за внесување на бугарите во уставот,веќе биле пренесени на лидерите од Европската унија и претседателката на европската комисија Урсула Фон дер Лајен.

Реклама

Сето она што требаше да биде содржано во писмото веќе е разговарано со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, која пред два дена беше во посета на земјата. Сега сето тоа би било беспредметно. Позицијата поврзана со уставните измени е јасна. „Мислам дека тука никој не треба да има дилема дека ќе има ниту милиметар понапред, ниту милиметар поназад“,рече тој.

Премиерот Мицкоски повеќе пати истакна дека е за дијалог со Бугарија, за решвање на проблемот со закочените македонски евроинтеграции, но дека за тоа  е потребна стабилна Влада во Софија.

Премиерот по средбата со Фон дер Лајен пред два дена во Скопје рече дека очекува Европската Унија заедно со нас да помогне во изнаоѓање начини како да го продолжиме нашиот евроинтегративен пат.