Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Борбата со криминалот за ДУИ е напад на сите Албанците: Полицискиот влез кај Артан Груби било национализам

Полицискиот влез во домот на Артан Груби и поранешниот директор на лотарија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полицискиот влез во домот на Артан Груби и поранешниот директор на лотарија Прпарим Бајрами, со цел да се разоткријат сомнежите за сторен криминал минативе години, за ДУИ стана причина повторно да игра на националистичката карта. Обидите да се открие каде нелегално завршувале државните пари, за партијата на Ахмети биле напад кон сите Албанци во Македонија. 

За интегративците тоа било националистичка хистерија и труење на јавниот простор со антиалбанска пропаганда, преку ширење омраза која го нарушувала соживотот.

-Искористувањето на чувствата на оние што не се подготвени за соживот и кои секојдневно врескаат по медиуми „Кој сака албански, нека оди во Албанија“ е многу ризичен авантуризам… Овој пристап најпрво ќе ве ве гони вас, кои мислите дека можете да го нахраните вашето его и да добиете гласови преку „одмазда во второто полувреме“ против Албанците… Приберете  ги вашите министри и претставници, затоа што „второто полувреме“ може да заврши со тежок автогол – не само за вас, туку за сите нас како граѓани и за  нашето општество, велат од ДУИ.

Реклама

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е зачуден од ваквите пораки на интегративците, бидејќи освен Груби, во овие акции опфатени се лица за кои што има сомнежи дека убивале Албанци. Околу поранешниот прв вицепремиер, вели дека самото тоа што бил ставен на црна листа на САД е доказ дека има индиции за сторени кримивични дела. 

-Една од акциите е против група за која што постои основано сомневање дека е вовлечена во криминални активности од највисок степен, меѓу кои и убиства. Жртви на тие убиства беа Албанци, еве ако вака веќе треба да се коментира нивната порака, изјави Мицкоски.

Според политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи, очекувано е ова што го прави ДУИ. Националистичката карта прво ја користеа кога паднаа од власт, па тоа го прават и сега кога дојде конечно време да одговараат за нивните криминали.

-Криминалот и корупцијата немаат ни нација ни вера, туку сите треба да бидеме еднакви пред законот и треба за злоупотреби да има одговорност. Така што тоа нема да биде прво, ова ќе биде и во иднина, секогаш кога нив ќе ги фатат во криминал и корупција е против Албанците и второто дека е против демократски вредности, изјави Фаризи.

Удар врз твредањата на ДУИ е и самиот факт што Артан Груби заврши на црната листа на САД, со објаснување дека имаат докази за сторени криминали. Власта во најави дека во моментов се отворени десетици случаи за сомнежи за сторени кривични дела на поранешни функционери од интегративците.

Матеја Петровски