СДСМ и Сорос, со поддршка од УСАИД, ги финансирале иницијаторите на шарената револуција во 2015 година во Македонија, објавува еден од најпопуларните американски политички коментатори, Ден Бонџино.
Овој тренд на влијание на Сорос и УСАИД не е нов; според Бонџино, слични проекти се спроведувани и во други земји како Украина, со цел да се влијае на политичките процеси преку финансиска и логистичка поддршка за левичарските активисти.
Како потврда на поврзаноста на проектите на УСАИД и фондацијата Сорос, во текстот на страницата на Ден Бонџино се објавени фотографии од шарените активисти кои носат маици со натпис „Армија на Сорос“. Авторот кој важи за десничарски коментатор во САД, тврди дека ВМРО-ДПМНЕ, иако била прозападна опција, одбивала да направи отстапки за историските прашања што било злоупотребено од СДСМ и левичарите во ЕУ, да ја претставувааат како антиевропска.

- „Протестите доведоа до избори во 2017 година и на жалење на Сорос и друштвото, ВМРО-ДПМНЕ сепак освои најмногу пратенички места, бидејќи партискиот лидер водеше кампања за „десороизација на земјата“. За да го спречат да формира коалиција, имаше притисок врз албанските партии да не коалицираат со нив и наместо тоа да се приклучат на СДСМ. Тогаш владата предводена од СДСМ одобри голем број историски отстапки кон Грција и кон Бугарија кои го блокираа членството на Македонија во НАТО и нејзините први чекори кон членството во ЕУ. Македонскиот народ ја отфрли оваа промена на името, па затоа Сорос мораше да ја присили. За жал на империјата на Сорос, ВМРО-ДПМНЕ ја врати власта во 2024 година“, се наведува во текстот.
Авторот тврди дека програмите на УСАИД се злоупотребувале за поттикнување на огромниот мигрантски бран во 2015 и 2016 година во Европа. Канцеларијата на УСАИД во Македонија плаќала стотици илјади долари на организации кои лобирале европската граница да остане отворена за милионските маси мигранти од Блискиот Исток и средна Азија, стои во текстот на кој е потпишан од новинарот Мет Палумбо. Се тврди и дека Сорос финансирал невладини организации да им помагаат на илегалните доселеници да ги поминуваат границите.
- „За време на мигрантската криза во Европа во 2015 и 2016 година, Македонија беше жешка точка. Крајно левата грчка Влада ги пренесуваше мигрантите кои доаѓаа на нејзините острови од Турција до европското копно, а потоа со воз ги носеше до границата со Македонија. Само во 2015 година низ оваа рута поминаа 600.000 мигранти. Целото време Сорос беше во заднината, и го подготвуваше масовното движење на мигрантите низ државата. УСАИД финансираше програми преку грантови кои беа доделувани на левичарски организации. Една од нив, Македонското здружение за млади правници, доби 370.000 долари во 2016 година да ги брани човековите права на мигрантите и бегалците и да ги задоволува потребите на најранливите меѓу нив“, се наведува во текстот на порталот на Ден Бонџино.
Инаку, Американскиот Стејт Департмент, по налог на претседателот Трамп на 24 јануари одлучи да ја замрзне распределбата на средствата за речиси целата американска помош во странство. Тој и неговиот соработник Маск инсистираат на реформирање на Канцеларијата на УСАИД, која според нив преставувала дувло на корупција и криминал, и дека парите на американските државни обврзници бил злупотребувани за мешетарење низ државите во светот.
Па така, од тоа што досега се откри, најмалку неколку десетици милиони долари се слевале во Македонија, на разно-разни проекти, од унапредување на правата на ЛГБТ заедница, па се до менување канализацијата во малите општини.
