Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес и неговиот најголем потенцијал за утре

Без младина, не би било замисливо постоењето и развојот на една држава.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Без младина, не би било замисливо постоењето и развојот на една држава. Во Македонија може да се успее – младите се сегашноста, не само иднината. Затоа, мора да градиме здрава, образована и самоуверена младина. Таа младина ќе продолжи да ја гради Македонија, пишува пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска во објавата на својот фејсбук профил.

На овој ден, сакам да истакнам дека лично сум против тезите дека младите се апатични, мрзеливи или незаинтересирани. Напротив. Младите имаат огромна енергија, потенцијал и желба да создаваат. Мораме да се избориме против дефетизмот кај младите луѓе и против убедувањето дека за нив нема перспектива.

Младите имаат посебна и единствена енергија. Токму таа енергија може да го менува светот на подобро.

Реклама

Во последно време забележувам тенденција која воопшто не ми се допаѓа. Повозрасните, особено на социјалните мрежи, ги обесхрабруваат младите со пораки побрзо да си заминат одовде, да си ги спакуваат куферите и дека тука нема иднина.

Ова е многу штетна појава.

Силно се противам и ќе продолжам да се борам против таквиот дефетизам.

Го честитам овој меѓународен ден на сите млади во светот, но ќе се посветам на младите во нашата држава.

Во Македонија може да се успее.

Со работа. Со многу работа.

Со труд и знаење.

Со образование.

Со вложување на своето време во личен и професионален развој.

Знаењето и талентот никој никогаш не може да ви ги земе. Тие се вашата најголема вредност!

Секако дека не велам дека сè е идеално. Не велам ниту дека е доволно. Напротив – сè што е направено и ќе се направи за младите не е доволно. Секогаш може повеќе и треба повеќе.

Но, по две години откако како ВМРО-ДПМНЕ ја превземавме одговорноста и довербата од народот, имам мирна совест дека за разлика од претходната Влада, денес имаме многу повеќе конкретни мерки и реализирани проекти за младите во Македонија.

И тука мора да го опфатам и политичкиот дел, затоа што на крајот од денот тоа е нашата работа – да носиме политики, да носиме одлуки и да оставаме резултати зад себе.

Она што е важно не се само ветувањата. Важно е што е реализирано.

Еве што е направено:

Студентски домови

Се реконструираат два студентски дома во Скопје, кои оваа година студентите ќе ги користат во современи услови.

До крајот на овој мандат ќе ги реконструираме и останатите 7 државни студентски домови.

Сликите од претходно со субстандардни услови мора да останат минато.

Ние не ветуваме и не ги лажеме студентите со мегаломански проекти, студентски градови и футуристички најави, како што претходно правеше СДСМ. Зборуваме за конкретни проекти, конкретни инвестиции и конкретни резултати за студентите.

Субвенциониран студентски оброк

Го проширивме опфатот на мерката за субвенциониран студентски оброк.

Им дадовме можност да ја користат и студентите на магистерски студии, индивидуалните земјоделци, како и студентите кои заработуваат на месечно ниво до минималната плата.

Воедно, инфлацијата ја држиме на стабилно ниво.

За споредба, во време на двоцифрена инфлација, СДСМ ги убедуваше студентите дека 120 денари се доволни во време на најголемата криза.

Повеќе средства за науката

Обезбедивме повеќе буџет за науката и за научно-истражувачката дејност.

Само така можеме да напредуваме – со знаење, истражување, иновации и луѓе кои создаваат нова вредност.

12,5 милиони евра за науката само за 2026 година!

Тоа е неколкукратно повеќе во споредба со периодот на СДСМ.

Поддршка за студентите

Секој студент доби ваучер за набавка на електронски уред во вредност од 250 евра.

Ова право го искористија 45.000 студенти.

Ова е инвестиција во дигиталните вештини, образованието и можностите на една цела генерација.

Поддршка за младите претприемачи

Со Оперативниот план за вработување за 2025 година, младите веќе ги реализираат своите бизнис идеи.

Речиси 5.500 апликации се поднесени за мерката „Самовработување“ за 2026 година – за финансиска поддршка за отворање нови бизниси.

Ова е знак дека младите имаат идеи, имаат амбиција и сакаат да создаваат.

Дека и веруваат на државата.

И дека сакаат да останат и да работат.

Особен фокус е ставен на младите до 29 години.

Преку оваа мерка се обезбедува финансиска поддршка за бизнисите и до 20.000 евра.

Тоа значи можност една идеја да стане бизнис, а еден млад човек да стане свој сопствен работодавач.

Учебници и образование

Секој ученик има учебник пред себе.

За да се описмени и образува.

Претходно, во времето на СДСМ, имавме немаше учебници, а родителите се снаоѓаа и се криеја за да фотокопираат учебници во боја, само за да обезбедат основни услови за своето дете.

Тоа не смее да биде иднината на нашето образование.

Сметам дека концепцијата на тогашната министерка за образование, Мила Царовска, беше исклучително погубна за нашите ученици и остави сериозни последици врз образовниот процес.

Училишта, спортски сали и градинки

Преку средствата што Владата ги обезбедува за општините, се реконструираат училишта, спортски сали и градинки низ цела Македонија.

Ова е приоритет.

Како никогаш досега, се вложува во создавање подобри услови за децата и младите.

Преку посебните програми на министерствата продожуваат вложувањата и во образованието, во детската заштита и спортот.

Дигитализација

Се дигитализираат услугите на државата.

Преку Националниот портал за електронски услуги, на младите им се овозможува побрз, полесен и поедноставен пристап до услугите на институциите.

Младите живеат во дигитален свет и државата мора да се движи во чекор со нив.

ФИНКИ и ФФК

Се деблокира изградбата на зградите на ФИНКИ и ФФК.

Оваа година тие се ставени и на листата на стратешки инвестиции за државата.

Тоа значи инвестиција во високото образование, во студентите и во иднината на нашата академска заедница.

Но, постојано велам дека СÈ е младинска политика.

Младите ги интересира СЀ!

Ги интересира стабилна економија.

Квалитетни патишта.

Квалитетен социјален живот.

Култура.

Спорт.

Животна средина.

Дигитализација.

Образование.

Можности за работа и професионален развој.

Затоа вложуваме во секој сегмент.

Секое вложување во подобар животен стандард е младинска политика.

Зошто?

Затоа што младите не се само иднината. Тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре.

Затоа, да ги поддржуваме младите.

Со проекти.

Со мерки.

Со образование.

Со можности.

Со создавање услови.

Но и едни со други да бидеме поддршка.

Да не се обесхрабруваме.

Да не се убедуваме дека не можеме.

Да не си велиме дека успехот е секогаш некаде далеку.

Затоа што во Македонија може да се успее.

Може да се успее со знаење.

Со труд.

Со упорност.

Со работа.

Во Македонија е најубаво.

Убаво е да патуваме. Убаво е да учиме од подобрите. Убаво е да го запознаеме светот и да ги видиме можностите што ги нуди.

Но уште поубаво е стекнатото знаење и искуство да го донесеме назад.

Да создадеме дома.

Да инвестираме дома.

Да работиме дома.

Да го дадеме најдоброто од себе за нашата земја.

Зошто младите ја сакаат својата татковина.

И затоа што, без разлика каде ќе нè однесе животот, само Македонија можеме да ја наречеме ДОМ.

Среќен Меѓународен ден на младите!